20170716154614_23653

ЗАД НАСМЕВКАТА НА СРЕЌНИТЕ ФОТОГРАФИИ: На повидок судир помеѓу Меркел и Макрон

Позади насмевката околу обновувањето на динамиката на френцуско-германските односи и Европа, на повидок е ривалство помеѓу Емануел Макрон и Ангела Меркел за лидерство во Европа, отцени денес агенцијата Франс Прес.

“Дипломатскиот пуч“ кој ова недела го организирал новиот француски претседател повикувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп на државниот празник како и неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Франција, представува пример на прераспределба на улогата на лидерството во Европа.

“Франција повторно е во игра“, отценил претседателот на Фондацијата Шуман специјализирана за европски прашања Жан Доминик Ѓулијани.

Германската канцеларка неколку години била доминантна на европската дипломатска сцена.

Меркел бил Нјмногу цитирана во англосаксонските медиуми после одлуката на Велика Британија да истапи од членството во ЕУ, потоа после изборите на Трамп во САД во кои е представена како “ нов лидер на слободниот свет“ спрема растечкиот популизам и авторитаризам.

Самата германска канцеларка не посакува да ја гледаат на тој начин. Нејзината доминантна улога во Европа повеќе е резултат на дадената ситуација отколку нејзината воља за тоа, потврдила француската агенција.

Доскорешниот француски претседател Франсоа Холанд соочен со економските проблеми во земјата и со се зголемената непопуларност немал доволен простор гласот на Франција да се слушне во решавањето на некои прашања во Европа.

Велика Британија заради Брегзит сама се оддалечила како можен лидер во Европа, додека Полска е критикувана заради авторитариузам, а Италија и Шпанија економски се ослабени.

Со доаѓањето на Макрон на власт во Франција улогата на лидерство може да се смени.

Германски дипломатски извори изјавил дека се изненадени од доаѓањето на Трамп во Париз. Венсикот Шпигл отценил дека Макрон со тој гест сакал да му “ ласка на Трамп, ама и да ја провлече замислата дека е можен лидер во Европа“.

Макрон одлучил на Трамп да го “врати во круг“ за да не биде изолиран, додека Ангела Меркел завзела цврст став спрема американскиот претседател кого постојано го критикува заради протекционизам или одлуката да САД се повлечат од меѓународниот договор за климатски промени.

Медиумите во Швајцарија  отценуваат дека Макрон би можел да ја замени германската канцеларка, која на тоа не би се противела бидејќи се подготвува за парламентарни избори и не сака само Германија да ја “држи уздата на Европа“.

АФП заклучува дека “моментот на вистината“ за водечката улога во Европа ќе биде во тек на последните избори во Германија закажани за септември.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 5 =

%d bloggers like this: