1

МС-ПОДГОРЦИ: Обид за оштетување и спречување на проток на вода на системот за водоснабдување на населба Подгорци

Загрижувки се фотографиите кои ни беа доставени до редакцијата на Дубаи Портал.

Имено станува збор за еден вид на вандализам преку кој едноставно му се наштетува на една населба, вандализам предизвикан од страна на лица за кои за жал не сме знаеле дека ги имаме во нашата средина, и кои од засега нивни необјансети причини се обидуваат да нанесат штета која подоцна ќе ја почувствуваат сите жители на населба Подгорци.

20179532_1589123524452155_2021286617_n

Фотографиите јасно покажуваат оштетување кое намерно е предизвикано со цел да се попречи проток на вода, односно обезбеди и надополни потребната количина на вода која би била доволна за населба Подгорци.

Во краткото известување до нашата редакција стои дека ваквата “диверзија“ е направена преку ставање на земјен материјал, песок во делот во кој треба да навлезе водата (зафатна цефка) за подоцна на сето тоа да биде поставен и камен, кој е фотографиран при неговото вадење од зафатната “усисна цевка“ и целосно попречи собирањедо на дополнителната количина на вода.

Колку за потсетување, овој дел од од системот за водоснабдување кој е изграден пред неколку денови и е предмет на ваквиот вандалски чин, беше изграден се со цел да се изврши собирање на водата која неколку години наназад истекуваше без потребно, а која со годините наназад истекуваше низ подгоречкото бачило, па се до населба Подгорци.

Меѓутоа заради порозноста – дотраеноста на подлогата на коритото, неколку години наназад таа вода едноставно исчезнуваше пред делот на подгоречка планина познат како “пирости камен“ и на тој начин без потребно се трошеше, односно не искористуваше.

Истата оваа вода која Месната Самоуправа ја спроведе во системот за водоснабдување со што би се обезбедиле потребни количини на вода, со акција на одредени  Подорчани, пред неколку недели беше зафатена и пуштена да протекува низ новоизграденото коритото. Меѓутоа имајќи ја во предвид опасноста од недостаток на вода, со одлука на Месната Самоуправа, водата беше исклучена од речното корито и ставена во системот за водоснабдување.

На наше инсистирање (редакција на Дубаи Портал) до представниците на Месната Самоуправа, добивме информација и потврда за ваквиот инцидент, каде преку допис ни го потврдуваат и тоа дека, водата ке биде вратена во новото изграденото корито во оној момент кога ќе се констатира дека не постои опасност од загрозување на снабдувањето со вода за пиење и друга намена на населба Подгорци, така дотогаш, користењето и собирањето  на водата од Подгоречкото езеро ќе се одвива на ваквиот начин, притоа на крај потенцирајќи дека секогаш ќе превземаат соодветни мерки активности за обезбедување на системот со потребните количини на вода, односно во ниту било кој случај не доведат во опасност од недостаток за вода на жителите на населба Подгорци.

20179861_1589123364452171_1488992191_n

Од тука, исто така апалираме до жителте на населба Подгорци, што повеќе рационално да ја користат водата да не се доведеме во опасност од нејзин недостаток, да се пријават корисниците и постоњето на дивите чешми и сите оние други кои ја злоупотребуваат, да не наседнуваат на било какви дезинформации, оносно вистинските информации да ги побараат кај Месната Самоуправа која е одговорна за обездувањето и функционирањето на системот за водоснабдување,  а оние, односно лицата кои се дрзнале на ваков вандалски акти, да се освестат дека со ваквиот чин, се разбира доколку имаат и совест, едноставно и на самите себе си, си прават штета бидејќи и тие, како и нивните деца живеат во ова наша населба, и да прекинат со ваквите нечовечки вандалски активности, за кои се сноси одговорност како пред законот, така и пред Господ.

Згрозени, од ваквите нечовечки активности, уште еднаш го искажуваме нашиот револт, односно осудуваме ваквите нечовечки дела, за кои се надеваме дека повеќе нема да ни се повторат.

Стои во краткиот допис на Месната Самоуправа Подгорци доставено до редакцијата на Дубаи Портал.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 5 = fifteen

%d bloggers like this: