Врз основа предвидениот проект ( Словенија Одблиску ) на Дубаи Интернет ТВ (Дубаи Портал), посветена на градовите на Словенија каде биле концентрирани поголем број на наши сограѓани (печалбари) како: Љубљана, Копер, Тржиќ,Крањ,Шкофја Лока,Јесенице,Марибор, Цеље и други градови.. Во првиот дел од нашиов проект ви ја пренесуваме кратката репортажа од делот на Словенија познат како Горењска, каде ги опфативме градовите, Тржиќ,Крањ,Љубљана,Блед,и други помали населби..

Во некои од презентираните градови, денес можеби ја немаа таа поголем бројка на наши сограѓани (печалбари) па од тука се надеваме дека низ регистрираните фотографии ќе се потсетат на одредени градови каде некогаш предстојувале или сеуште предстојуваат.

Видео материјалот кој ќе имате можност да го погледнете во наредните неколку 20 минути, представува колаж на кратки видео инсерти од местата кои представниците на Дуби Портал ги посетија, за подцна по градови биде презентиран целекупниот видео материјал.

Во ова пригода, би сакале да им се заблагодариме на нашите домаќини кои во изминатите денови ни укажаа гостопримство и помогнаа во реализацијата на овој наш проект, притоа бидејќи наскоро проектот продолжува и во остантите градови на Словенија, сите наши сограѓани, за било какви информации, констатации и учество во овој проект, слободно можат да ја контактираат редакцијата на Дубаи Портал, со што би станале дел од овој проект, како преку, соговорници, така и преку презентација на своите градови за кои мислат дека треба да бидат представени.

Во продолжение ви пренесуваме и дел од фотографиите од нашиот прв град кој имамвме можност да го посетиме, а каде со години наназад биле сконцентрирани голем број на наши претприемачи и кои со текот на годините ја истакнале својата мајсторија градејќи голем број на објекти и други инфраструктурни објекти ширум неговата околина.

Бидејќи овој град имавме можност и порано да го посетиме, очигледно можеше да се забележи голема разлика, како во градбата на нови објекти и други инфраструктури, па се до задватарњето на една од поранечните Југословенски фабрики за чевли ПЕКО, па потоа Фабриката за текстил БПТ, како и фабриката ТОКОС која се занимаваше со изработка на градежно-земјоделски орудија, или град кој настанал како концентарција на луѓе заради присутноста на околните фабрики кои во тогашниот период вработувле преку 5.илјади луѓе

Повеќе за овој град, како што напоменавме ќе имаме можност да се запознаеме со завршување на видео материјалот кој посебно се однесува на овој град се разбира и останатите други градови кои беа дел од нашата посета.

Фото: Поранешен стамбен објект (блок) во кој претстојуваа голем број на наши сограѓани (градежни работници и претприемачи) а, сега затворен.

Фото: Една од најпознатите фабрики за чевли на поранешна Југославија (ПЕКО), сега затворена.

Фото: Поранешна градежна и една од најголемите во овој дел на Словенија (СГП-Тржиќ) за која работеа голем број на наши претприемачи, денес затворена.

Фото: Верски објект за припадниците на исламска вероисповед.

Фото: Админот на Дубаи Портал, во едно од најубавите места на Словенија (Блед)

 

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име