1-41

Брисел бесен на Полска, на чекор пред активирање на “нуклеарката”

За прв пат во својата историја Европската комисија (ЕК) вчера отворено призна дека се наоѓа на само еден чекор од активирање на членот 7 од Европската повелба против Полска. Членот 7 го носи и името “нуклеарна бомба”. “Нуклеарката” на ЕК предвидува одземање на правото на глас во Советот на министрите за земја членка која “тешко и упорно ги крши европските вредности”.

Полскиот претседател Анджеј Дуда крена глас против полската влада и со тоа би можел да ја спаси Полска од активирање на членот 7.

Нуклеарниот член 7

И додека ЕК подгтовува прекршочна постапка против Полска, потпретседателот на Комисијата Франс Тимерманс за прв пат вчера рече дека е сериозно загрижен на владеењето на правото во Полска:

“Ние сме блиску до активирање на членот ‘”, предупреди Тимерманс.

Комисијата бара од полските власти “веднаш да ги суспендираат новите закони и да отпочнат ангажиран дијалог” со Брисел и да дадат одговори на загриженоста на Комисијата која смета дека Варшава не ја почитува правната држава.

Загриженоста на Брисел се однесува на два законски текста и еден нацрт закон.

Првиот донесен закон се однесува на статутот на Националниот судски совет и предвидува итно отповикување на сите членови на Советот кои потоа се заменети со нови судии кои Парламентот ги избира со просто мнозинство.

Вториот закон предвидува промена на правилата на првостепените судови. Според законот, нивните претседатели можат да бидат отпуштени или вработени од страна на министерот за правда а законот не предвидува никаков контролен механизам.

Најпосле, неделава се разговара за нацрт закон за реформа на судството. Овој нацрт текст му дозволува на министерот за правда да има влијание врз Врховниот суд.

Комисијата одамна ја предупредува Полска дека судските реформи што ги прави “Право и правда” – десната партија на власт од 2015 година, претставуваат кршење на европските правила и дека ЕУ нема да дозволи такво нарушување на правната држава во една голема и значајна земја членка.

Верниот Дуда изненадува

Претседателот Дуда, иако верен член на “Право и правда”, вчера ги изненади сите и се закани дека тој ќе сопре последната судска реформа ако партијата на власт не ја повлече првата реформа која е веќе изгласана.

Шефот на државата побара од пратениците да размислат и самиот предложи кус нацрт закон во кој се вели дека членовите на Националниот судски совет мораат да бидат бирани со квалификувано мнозинство од три петини:

“Овој нацрт има за цел да спречи Националниот совет да биде под влијание на само една партија или една политичка група. Тоа е недозволиво”, изјави Дуда.

Брисел се надева дека Дуда ќе има успех во својата иницијатива и дека ЕК нема да мора да предложи активирање на членот 7. Примената на членот 7 треба да биде одобрена од сите земји членки на ЕУ. Унгарија на Виктор Орбан, земја која исто така е во постојана битка со ЕК поради непочитување на европските вредност, најави дека ќе постави вето.

Полска како ВМРО-ДПМНЕ, ги дели новинарите на патриоти и предавници

Така пред една недела за предавник беше прогласена новинарката Дорота Баволек. Таа е дописник од Брисел за ТВ Полсат. Бурата се крена кога Баволек постави прашање на пладневниот брифинг на Комисијата во Брисел. Таа се изненади што портпаролот на ЕК одбиваше да даде коментар за контроверзната судска реформа во Полска.

Нејзиното прашање на брифингот во Полска беше претставено како предавство и “кодошење” на сопствената држава:

“Приватните медиуми, откако на власт дојде партијата “Право и правда”, зборуваат на најлош можен начин за промените во Полска и тоа го прават особено во странство”, коментираше “локалниот Латас” за ТВП Инфо.

И тоа е можеби “најблагата” критика која ја доби Баволек. Социјалните мрежи беа преплавени од навреди и смртни закани врз новинарката. Таа беше обвинета за “предавство”, “напад врз Полска”, обвинета дека “работи по порачка од опозицијата” а понекаде отворено наречена “проститутка”. Некои од овие навреди беа пренесени на социјалните мрежи од страна на високи функционери на партијата на власт.

Ова не е прв пат објективните полски новинари да бидат напаѓани од нивните колеги кои се претставуваат како “патриоти”.

На овие напади реагираше дури и Тимерманс кој на Твитер напиша дека најстрого ги осудува нападите врз Баволек која само ја вршела својата новинарска работа.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − = two

%d bloggers like this: