wam

И, официјално Dubai Portal станува дел од WAM Emirates News Agency

Почитувани, посетители и подржувачи на Дубаи Портал, Ве известуваме дека од понеделник: 24.07.2017 година, нашите содржини ќе бидат збогатени со информациите на уште една новинска агенција.

Станува збор за информациите на новинската агенција WAM Emirates News Agency од Обединетите Арапски Емирати.

Одобрението за превземање и пренесување на информациите од ова новинска агенција, настана по пат на меѓусебна соработка и барање на Дубаи Портал за пренесување на информации поврзани претежно со Блискиот исток.

Колку за потсетување, Дубаи Портал ваква соработка,и одобрение за превземање и пренесување на информации има и со Турската државна агенција Anadolu Agency, чии информации веќе ги емитуваме 2 години наназад.

И, официјално од понеделник со започнување на пренесувањето на информациите на WAM Emirates News Agency, и официјално Дубаи Портал ќе се најде на листата на портали кои ќе ја имаат таа можност и посебна чест. А, ние во текот на денот истовремено ќе можеме да Ви го презентираме и потпишаното одобрени на Дубаи Портал со ова новинска агенција.

Уште еднаш Ви благодариме на довербата!

Со почит, Ваш Дубаи Портал.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 − three =

%d bloggers like this: