flaj emirati

Fly Emirates и Fly Dubai летаат во тандем

Emirates Airlines и FlyDubai најавија дека ќе ги ускладат своите системи и овозможат на патниците поедноставно поврзување на избраните дестинации.

 flay emirati

Партнерството опфаќа интегрирана соработка, која на корисниците на Флај Дубаи ќе им овозможи да го користат светските дестинации кои ги покрива Флај Емирати. Од друга страна, корисниците на Флај Емирати ќе имаат пристап на регионалната мрежа на Флај Дубаи.

Двете авиокомпании планираат да развијат свој јазол на ДХБ аеродромот, кој моментално е најпрометен аеродром во светот за меѓународни летови.

Емирати Ерлајнс мометлано има флота од 259 авиони кои летаат на 157 дестинации, додека Флај Дубаи има 58 авиони кои летаат на 95 дестинации.

Во план е до 2022 година комбинирана флота која ќе има 380 авиони и која ќе лета на 240 дестинации.

Сепак, двете авиокомпании ќе продолжат да работат независно.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − four =

%d bloggers like this: