20155720_1592397164124791_4360166943755080625_n

(Фото) За сообраќајните знаци по Македонско правило

Интересен начин на поставување на сообраќајни знаци за известување и регулирање на сообраќај. Вака денес изгледа овој дел на регионалниот пат Струга-Дебар,  познат како “Кореа“.

20155720_1592397164124791_4360166943755080625_n

За жал тие кои ги поставиле или пак тие кои им дале одобрение за поставување на истите не се ставиле во улога да погледнат како изгледа кога автомобил се приклучува од локалниот пат од Вевчани и Подгорци кон Струга.

Дали можеби можело подобро и правилно да бидат поставени, тоа од повеќе е јасно. Дали со ваквиот начин на поставување се доведува во опасност нормалното одвивање на сообраќајот мислејќи на прегледноста, како и безбедноста на луѓето, за тоа треба да одлучат надлежните органи кои се задолжени за ваквите активности и работи.

Сепак сликата е таква каква што сега ја гледаме..

Најдоброто можно решение можеби е избегнато со намера или не, или пак се нема познавање. Истите два знаци би можеле да бидат поставени како еден сообраќаен знак со двете известувања и биде повлечен наназад за неколку метри, и така на тој начин сё би изгледало побезбедно како за едните така и за другите.

За ваквите активности во нормалните земји си постојат соодветни закони и правила за тоа како и каде треба да бидат поставувани, а не како и на кога ќе му се присака и текне, односно си постојат соодветни стандарди.

Да се надеваме дека пред нешто да се случи, надлежните ќе го решат овој навистина сериозен проблем, а ние да предупредиме на негово решавање и укажеме на неговата сериозност.

20155613_1592398660791308_7699420055096572728_n 20155738_1592397770791397_6735299606454391213_n

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + = 17

%d bloggers like this: