Германија и Соединетите Држави. Официјално станува збор за една од најсрдечните и најцврстите билатерални сојузи во непредвидливиот модерен свет. Меѓутоа како минуваат годините сё повеќе пукнатини излегуваат на виделина па од тука се покажува дека сојузот на Берлин и Вашингтон далеку е од идеален. А доказите за тоа се многу.

Во 98% германските телевизиски вести американскиот претседател Донал Трамп прикажан е негативно што значи дека германските медиуми најмногу на светот се настроени против Трамп. Презирот спрема Трамп датира уште од времето на кампањата заради неговите националистички и анти ЕУ ставови. Според  истражувањето на истражувачката  агенција Pew, 2015. Германците се европски народ кој имал најмало позитивно мислење за Америка, а само 0.5% од испитаниците имале позитивен став за претседателот Обама. Очигледно Германците не го ценат тоа што НАТО ги “заштитува“ и тоа што имаат позотивен трговски биланс со Америка во износ од 64 милијарди долари.

Тоа не зачудува доколку се земе во предвид положбата на Соединетите Држави како хегемон и господар над Германија. Последните години во Германија се случуваат многу важни политички процеси кои представуваат директна последица на американските намери за својот “најдраг“ европски партнер. Милиони бегалци пристигнале од Блискиот исток, американските разузнувачки служби ги прислушкувале гернанските граѓани и владата, американските нукеларни бомби размесени се во Германија, а германските тенкови и војници повторно како некогаш во 1941 година. притоа упатувајќи се на руската граница под американска команда.

Ништо од тие процеси не добило подршка од германскиот народ на изборите, ниту пак тоа било дел од однапред планирана политичка агенда на Ангела Меркел и нејзината владејачка коалиција (барем не јавно). Иако Сојузна Република Германија е голема политичка и воена сила во Европа може да се потврди на тоа дека таа не е во целост суверена нација. Може да се каже дека Германија во стварност е држава со кревка независност и суверенитет, т.е. се наоѓа под тивка окупација н САД.

Американската контрола над Германија потекнува од 1945 година. т.е од моментот на поразот на Третиот Рајх. Двете единствени супер сили САД и Советскиот Сојуз решавале за судбината на Европа, ама и за онаа на Германија. После Втората светска војна Германија е поделена на четири окупациски зони: американска,британска,француска,и советска. Студената војна Германија ја претвори во боиште помеѓу Западот и Истокот, што во стварност ги спаси Германците од сцрната судбина. 1949 година окупациските зони прераснале во испостави на Западна и Источна Германија.

Поделбата изгледала долгорочна, меѓутоа, Сталин верувал дека поделбата на Германија многу негативно ќе влијае на германско-руските односи па од тука заговарал нејзино обединување. Во март 1952 година. Сталин ја напишал својата славна нота за обединување на Германија. Новата Германија би била единствена и би имала свој суверенитет и единствена влада, денацификацијата би била готова, странските окупациски сили би биле повлечени во рок од година дена, новата Германија би била повеќепартиска демократска држава со соте слободи вклучувајќи го и поседувањето на војска. За возврат би била неутрална и не би се ставала во ниту еден блок. Тоа било голема можност за Германија, ама тогашниот канцелар Конрад Аденауер и западните Сојузници ја одбиле понудата на Сталин. САД ја одбил понудата бидејќи неутрална Германија слична како Австрија не им одговарала  заради тоа што им била стратешки важна за во неа постават свои воени бази.

До средината на пеесетите Германија е претворена во воена тврдина и била најмилитаризирана земја во Европа. Таквата состојба траела сё до 1990 година кога Германија конечно се обедини. Таа година беше потпишан договорот Четири плус два, според кој четирите сојузнички сили се откажуваат од своите права над обединувањето на Германија овозможувајќи и` таа да стане целосно суверена држава. Тогаш Германците ја пропуштиле приликата да странските воени трупи трајно ја напуштат нивната територија. Единствено Русите се повлекле. Се разбира, Американците не сакале да се повлечат, а стационирањето на своите трупи во Германија и другите земји во Европа го оправдувале со НАТО апртнерството и стравот од руската закана.

Иако Сојузна Република Германија одсекогаш била еден од најлојалните американски партнери, после 1990 година, таа потпаднала во уште поцврста американска контрола. Во 1991 година прв пат после Втората светска војна германија повторно учествувала во странска воена авантура, овој пат во НАТО бомбардирањето на Југославија. Тогаш Америка ја тестирала послушноста на своите германски партнери. Авганистан, Ирак, Сирија, Либија – тоа се државите во кои германската војска интервенирала посредно или непосредно како дел на НАТО или Антитерористичка коалиција предводена од Соединетите Држави.

Кога во 2002 година американската администрација планирала напад на Ирак, германскиот канцелар Герхард Шредер изјавил дека Германија нема да биде дел од таа војна што значело дека НАТО како целина не може да интервенира. Мислењето на Шредер било подржано до францускиот петседател Жак Ширак, него му се придружил и рускиот претседател Владимир Путин. И Франција и Русија имале право на вето во Советот за безбедност ан ОН, па заради тоа американскиот претседател Џорџ В. Буш побеснил. Цитат на американскиот амбасадор објавен е во Дер Шпигл: “ Ставот на германската влада му се заканува на германската врска со САД и би можело да резултира со изолација во внатрешноста на Европската унија“. Демохристијанските пратеници во Бундестагот вршеле притисок над Шредер да попушти пред американскиот притисок и Германија да се приклучи на инвазијата на Ирак. Како тогашен лидер на опозицијата Ангела Меркел ја посетила Америка. Нејзин натпис се појавил во Вашингтон Пост. Помеѓу останатото таа напишала: “Шредер го истакнува своето лично мислење, тој не зборува во име на германскиот народ. За мојата партија, нашето пријателство со САД представува камен темелник на германскиот национален интерес“.

Администрацијата на Буш ја прекина врската со владата на Шредер. Американците дури и размислувале да и` воведат санкции на Германија и Франција. Меѓутоа многу повеќе ги загрижувала новонастанатото сојузништво на Франција,Германија,и Русија. Трите лидери често се наоѓале и планирале да направат политичко-економски простор од Атлантикот до Пацификот. А сето тоа на полисимејкерите во Вашингтон му создавало гигантски грижи. Губењето на влијанието во Европа би било закана за глобалната хегемонија. Заради тоа барале и бараат начини како да го оддржат партнерството со европските сили, ама и односите со Русија да го стават на негативна патека.

За многумина Германци Америка е столб на слободата и демократијата, заштитник и најдобар пријател. Тоа не е чудно бидејќи од 1950 -те години Американците во Германија воспоставија “мека свила“, т.е делување во медиумите, политиката и стопанството, ама низ различни културни иснтитуции, студентски програми на размена и сл. Сето тоа со цел како би ја усмериле односно ускладиле полтиката на Германија со политиката на Америка. Амбасадата на САД во Берлин води програми кои ги наградуваат новинарите кои позитивно (пропагандно) пишуваат за американската надворешна политика. Во својата книга неодамно починатиот новинар Удо Улфкотте  ги опишал методите како Американците ги подмитуваат и влијаат на германските новинари позитивно да пишуваат за политиката на САД.

Иако  НАТО сака да се прикаже како обезбедувач на мирот во Европа, тоа за жал не е вистинската вистина. Попрво би можело да се потврди дека представува сојуз на осигурители на американската хегемонија  во Европа. А, за тоа Германија е добар пример. Во 1949 година Генералниот секретар на НАТО британецот Хестинг Исмај изјавил дека целта на НАТО е “да ги задржи Русите надвор, а Американците внатре, а Германците долу“. Малку кој може да верува дека целта на задржувањето на американските трупи во Јапан или Германија избрана на овие земји бидејќи е јасно дека целта е зачувување на американската доминација над овие простори.

На германската територија се наоѓаат десетина илјади американски војници ( поточно околу 30-илјади), а германските постројби во НАТО се наоѓаат под американска команда. Најголемата американска воена база во Германија и надвор од САД е Воздушната база Рамштајн во југозападна Германија во близина на Кајсерслаутерн. Во таа база Американците стационирале антибалистички штит кој можат да го активираат без консултација со германската влада.  Додека генералниот секретар на НАТО може да биде државјанин на било која држава членка, Врховен командант на НАТО секогаш од 1949 година до ден денс бил Американец. Германските трупи мораат да им одговараат на Американците и нив им се подредени. Германците се принудени да испраќаат Bundeswehr на руските граници како би ги зајакнале силите на НАТО , во источна Европа заради руската закана која е многу нереална.

Благодарение на Едвард Сноуден 2013 година, откриено е дека германскиот “пријател“ Американците, т.е. известувачите од НАСА ги прислушкувале телефоните и читале имејлови на германски граѓани вклучувајќи ја и владата како и канцеларката Меркел. Американските агенции вклучувајќи ја ЦИА очигледно ги шпионирала германските политичари сакајќи да ги задржат под контрола. Поранешен командант на австриската разузнувачка служба БВТ во 2015 изјавил дека : “ Американските разузнувачки агенции имаат целосен пристап во Германија и можат да прават што сакаат како да е ова европска држава сеуште под окупација на западните сојузнички сили.

Откако се открил скандалот со прислушкувањето, Германија во 2013 година се повлекла од договорот за делење на информации со САД и Велика Британија. Во јули 2014 година два офицери на германската разузнувачка служба БНД биле приведени зради наводно шпионирање на германската влада за потребите на ЦИА. Приведувањето уследило откако е откриено дека НСА прислушкувала телефонски разговори со Меркел. Заради тоа дури и Хилари Клинтон лично се извинила иако сеуште не била дел од американската влада. Германија се обидела да потпише договор за непреслушкување со САД, меѓутоа сепак на крај не дошло до потпишување на истиот.

Санкциите против Русија заради украинската криза, а кои и` ги наметна САД тешко му наштетија на германското стопанство како стопанството на другите европски држави. Во 2105 година трговската размена помеѓу Германија и Русија изнесувала 45 милијарди долари што представува намалување за 50% во однос на 2014 година. Од 2012 година германскиот увоз во Русија се намалил за речиси половина, т.е од 38 милијарди евра на 21.5 милијарди во 2016. Заради тоа германските компании се плашат дека би можеле да го загубат германскиот пазар а кој би можеле да го заменат Кинезите. Меѓутоа во првите месеци на 2017 година забележан е тренд на пораст на трговската размена помеѓи Берлин и Москва што сведочи дека Германците повеќе малку по малку не се држат кон режимот на санкциите.

Во мај 2017 година, Меркел се сретнала со претседателот Трамп, а изјавата на канцеларката после состанокот покажала дека Трамп успеал да ги унапреди нодносите со Германија како и другите сојузници во внатрешноста на НАТО:“ Времето кога можевме да се потпреме на другите, во одредена мера поминаа. Тоа го изјавила откако Трамп изјавил:“ Германците се лоши,многу лоши“ и “ видете милиони автомобили кои ги продаваат во САД. Грозно. Ние тоа ќе го сопреме.“Не е тајна дека односите помеѓу Меркел и Трамп се лоши заради се лоши заради светоназорските, ама и практичните разлики во економските и климатски прашања. Прашање е дали несложувањето на двата државници ќе резултира со расцеп во односите на двете сили, т.е дали Германија конечно ќе престане да биде американска марионета и дали во целост ќе си го поврати суверенитетот над својата земја?

Извори: www.rt.com | sputniknews.com | www.theguardian.com | www.bbc.com | www.washingtonpost.com | www.bbc.com | russia-insider.com | www.germanynews.net | www.spiegel.de | www.rusexporter.com | edition.cnn.com | www.vox.com | www.census.gov | www.washingtontimes.com | www.independent.co.uk|

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here