османлии

ДОКОЛКУ НЕ ПРОПАДНЕШЕ ОСМАНЛИСКОТО ЦАРСТВО: Ќе беше ли избегнато крвопролевањето на Блискиот исток

Замислете доколку сиот хаос и крвопролевање на Блискиот исток во текот на последните 100 години беа избегнати со спасување, наместо уништување на Османлиското царство.


Фото: Османлиската пустинска коњаница во Првата светска војна (Wikipedia Creative Commons)

Кога Гаврило Принцип го уби Франц Фердинад во 1914 година, европските нации влетаа во војна каква што светот дотогаш не видел. Австроунгарија и` објави војна на Србија, чија соузничка Русија и` објави војна на Австроунгарија, чија пак сојузничка Германија, и` објави војна на Русија, а чии сојузнички Франција и Велика Британија и` објавија војна на Германија и Австроунгарија. До почетокот на август, целиот континет беше во ровови, крв и пламен.

Колку и да беше ситуацијата неизвесна за сите играчи, на самиот почеток на војната особено нејасно било чија страна ќе заземе Османлиското царство на – Тројната Антанта или Централните сили.

Турската 500-годишна империја се намалувала. Ги загуби териториите во Африка, речиси сите медитерански острови и повеќето балкански земји, како и источните делови на Анадолија. Царството било притиснато со долг, индустриски заостанато и политички енстабилно.

Сепак, земјите на султанот се простираа преку два континенти, а неговата империја контролирала излезот во Црното море. Неговите арапски територии се простирале преку речиси сите свети градови на исламот, до планините во Јемен и Персисикиот залив, каде, како што тогаш се зборувало се криеле големи залихи на леплива црна течност за која тврделе дека ќе го замени јагленот како главен светски енергент.

Сигурни во слабоста на Турција, Велика Британија, Франција и Русија можеле да го нападнат Османлиското царство и поделат пленот. Меѓутоа за среќа, мудрите планови преовладале. На тајна средба одржана на британски брод, во близина на норвешкиот брег, далековидиот политичар Винстон Черчил, тогаш прв лорд на Адмиралитетот, работел со Французите, Русите и Турците на склучување на договор. Турците зазеле цврста позиција во преговорите, бидејќи како што тврделе, Германија истотака нудела вооружување и злато во замена за сојузништво.

Договорот кој бил постигнат се покажал како исклучиво поволен за сите страни. Од Франција, Османлиското царство добило дарежливо отпишување на долгот. Русија ги отфрлила барањата за териториите на кои дотогаш тврдела дека полага право  и се согласила доброволно да се повлече од деловите на Анадолија. Черчил го исплатил производството на два брода кои во Британија биле градени за Турција. Заедно со сето тоа, Османлиското царство добило гаранции дека нејзините територии на Блискиот исток и Европа нема да бидат нападнати. За царството кое речиси целиот христијански свет со векови го демнеело како што лешинар го вреба лешот, овој договор делувал како неопходен одмор.


Фото: Османлиска војска во Првата светска војна (Wikipedia Creative Commons)

Профитот би подеднаков голем и за Тројната Антанта, која добила отворен пристап кон Црното море, што било многу важно за Русија и царската армија која зависела од залихите на западот.  Исто така, бидејќи не морала да ја брани границата со Османлиското царство, Русија префрлила илјадници војници на друг фронт, каде што биле потребни. Турција потпишала и лични договори со кој е призната британската контрола над Суетскиот канал, Аден и територијата на денешните Обединети Арапски Емирати, со што е обезбедена транспортна рута од британските колонии до западниот фронт. Османлиската армија им се приклучила на борбите на фронтот против Австроунгарија. Сё, вкупно, историчарите се согласни дека предностите стекнати со овој договор ја скратија војната за речиси една година.

Одложувајќи ја сопствената пропаст, владата на Османлиското царство се впуштила во радикални реформи. Како што се соочувала државаѕа со сё посилните националистички тенденции на арапската, ерменската, грчката и курдската популација, султанот Мехмед 5-ти објавил историски ферман со кој ги признава овие групи како посебни народи обединети под османлиски суверенитет.

Султанот исто така ја задржал и својата титула “калифа“, командант на верните сунити, кои негови претци стекнале четири векови претходно. Тоа се покажало како корисно кога бунтот на верските фанатици во централна Арабија требало да биде задушен. Бунтот го предводел човек по име Ибн Сауд, кој стекнал приврзаници со ветувањето на враќањето на “чистата форма“ на исламот. Освет тоа, поголемиот дел од империјата станало толерантно место. Кога подоцна нацистите ги прогонувале евреите, многу од нив токму се скриле во Османлиското царство, особено во провинцијата на Ерусалим.


Фото: Турците го предаваат Ерусалим на Британците во Првата светска војна, (Wikipedia Creative Commons)

Доколку било што од тоа се случеше, работите би изгледале целосно поинакво.

Во стварност,се случило целосно спротивното.

Османлиското царство во Првата светска војна застана на страната Германија и Австроунгарија. Сојузниците се обиделе да извршат инвазија и поделба на царството. Черчил, наместо да ги испорача бродовите кои ги платиле обичните турски даночни обврзници, решил да ги заплени и предаде на британската морнарица. После тоа, 1915 година, Черчил бил идеен творец и заговорник на катастрофалното истоварување на силите на Антантата кај Галиполе на Дарданелите заради што во јавноста го доби прекарот “ галиполски касапин“. Ова грешка на сојузниците ги чинела 300.000 луѓе, а британската кампања против Османлиското царство во областите на Ирак и левант, го чинела дополнителни милион луѓе.

Турските губитоци континуирано растеле и до крајот на војната, помеѓу 3 и 5 милиони луѓе го изгубиле живото, што изнесувало речиси четвртина од вкупната популација на царството. Кога Велика Британија и Франција допреле до османлиските арапски територии, гушењето на новонастанатите востаници однело уште илјадници и илјадници животи.

Дали денес ке го имаше покол на Блискиот исток и истиот избегнат – од граѓанските војни, преку тероризмот  “во име на исламот“, до диктаторот како што е Башар ал Асад, ѕверствата во Палестина од страна на еврејските ционисти, и другите влијанија доколку само Черчил ја пружеше раката кон Османлиското царство?

(TBT, The Economist)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × eight =

%d bloggers like this: