трам-белакуца

Wall Street ја провалува вратата на Белата куќа, хаосот продолжува, Spicer бега, Scaramucci е внатре, на Трамп децата му ја водат работата

Изгледа дека Трамп не може едноставно да се вклопи во новата работа- проблемите го демнеат на секој чекор и нема мир во Белата куќа уште од неговата инаугурација .

Имено, вчера оставка поднесе портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, и тоа откако Трамп одлучил денес да именува нов шеф – за директор на комуникациите да биде поставен богатиот финансиер Ентони Скарамучи. Извори велат дека тоа на Спајсер толку му засметало што веднаш без размислување си поднел оставка, а на Трамп му порачал дека прави “голема грешка“.

Шон Спајсер поранешен портпарол на Белата куќа.

Нешто повторно се случува во Белата куќа и изгледа  дека има доста вистина во поедини новински натписи кои тврдат, на основа изјавите на анонимни функционери внатре во Белата куќа, дека токму таму во стварност “владее хаос“.

Да се потсетиме на деталите и имињата – во мај оставка поднесе првиот директор за комуникација, Мајкл Дабке. Меѓутоа што представува воопшто директор за комуникации во Белата куќа? Станува збор за поприлично важна функција – имено, директорот за комуникации има задача, како што му сигерира и името, да развива и промовира агенда на претседателот, односно да ја води медоумската кампања. Директорот за комуникации директно го избира претседателот, односно избира кого сака – не му е потребна потврда од Сенатот како што е случај со некои други клучни функции.

Првиот  директор за комуникации на Трамо, Мајкл Дабке, си заминал уште во мај, и од тогаш се бара негова замена, денес истата е пронајдена

Се во сё станува збор за многу захтевна работа, особено ако шеф ви е Доналд Трамп, кој во некоја рака успеа да се домогне до Белата куќа токму благодарение на тоа што водечките американски медиуми ги нарекувал со погрдни имиња прозивајќи ги што повеќето даваат подршка на неговиот противкандидат Хилари Клинтон.

Имајќи во вид дека луѓето ги следат масс-медиумите, како би се информирале, ама тоа не значи дека нужно ги ценат, или дека пак им веруваат, таа тактика на Трамп веројатно имала смисла – за време на кампањата, меѓутоа што после победата? Трамп си продолжи по старото, потпирајќи се на Твитер за објавување на пораки кои повторно често се сведуваат на пресметка со медиумите, и тоа најмногу со оние највлијателните, СНН и Њујорк Тајмс.
Трамп војува со медиумите уште од првиот ден

Медиумите пак сакаат да пишуваат и извештаи за Трамп, тоа во основа им ја зголемува читаноста, а после неговата победа удрија по него уште пожешко, до таа мерка така да се поставува прашањето дали Трамп може со таа константна медиумска кампања против него адекватно да ја води државата?

Не е тајна, дека водечките американски медиуми примарно се лево-либерални и склони кон Демократската партија, што уште во стартот представува предиспозиција да ми го загорчи животот. Меѓутоа за разлика од некој друг тактичар политичар, кој после остра кампања обидел да му се додвори на медиумите, Трамп продолжува таму каде што застанал.

На неговото гласачко тело тоа засигурно му е симпатично, ама луѓето околу него мора да се под голем стрес па заради тоа од тука не зачудува и нервозата која владее во Белата куќа. Како може директорот за комуникации да креира “медиумска кампања“ и презентира “визијата на претседателот“, ако овој токму се кара со водечките медиуми по пат на Твитер? Многу тешко.

Доколку на Трамп му се дозволи да прави што сака, кој знае што ќе направи, можеби заради новиот портпарол го поставил Алекс Џонс, на воодушевување на значителниот сегмент на неговото избирачко тело.

Трамп се нервира кога не е се по негово, а свесен е дека патот најмногу и најчесто му го блокираат токму медиумите. Имено, ако ја погледнеме актуелната кампања против него – каде се тврди дека е во дослух со Москва – јасно е дека целта на ова кампања не е само нервозата на Трамп и на тоа да се полнат насловните страници, туку и конкретно како да се спречат некои идеи на Трамп како што е нормализацијата и стабилизацијата со Русија.

Како што се зборува, сепак успеал, да се прошушка од зад масата за време на Г20 вечерата во Хамбург и да одржи уште еден таен состанок со Путин. Медиумите, како што откриле за ова негово “невнимание“ повторно жестоко го нападнаа. Русите пак од сето тоа си прават шеги па од тука рускиот МНР Лавров денес за време на разговорот со новинарите, на прашање колку пати Путин и Трамп во стварност се сретнале, изјавил дека можеби се сретнале повеќе пати“ а можеби и заедно оделе и на WC“.

Таквата е ситуација и што во таква ситуација треба да превземе директорот за комуникација или портпаролот на Белата куќа?  Ништо, им останува единствено да бегаат, а во стварност тоа и го прават. Прво побегна директорот за комуникации Мајкл Дабке, за дури сега кога Трамп најпосле му пронајде наследник, да побегне и Шон Спајсер, што медиумите тешко ќе прежалат бидејќи од него во олкуте неколку месеци направиле дворски шут.

Тука е и третата функција која мораме да ја споменеме, шефот на главниот штаб на Белата куќа, а тоа е најголема функција покрај претседателот во Белата куќа. Тој на некој начин координира со кадарот на Белата куќа, а на таа функција денес е Рајнс Прајбус. Уште едно проблематично име – Прајбус, Републиканец, пред претходно Трамп да победи, јавно го критикувал на Трамп. Како тогаш доспеал на таква висока функција, ако Трамп според неговите зборови, толку ја цени “лојалноста“? Кој знае, одредувањето на кадрите внатре во Белата куќа претставува еден од мистериозните процеси кои се сведуваат на ставање на луѓе на функција по кој знае каква заслуга и какви политички интереси.
Рајс Прајбус, сеуште актуелен шеф на главниот штаб на Трамп, уште колку ќе издржи и тој?

Меѓутоа она што овде е интересно е да се истакне дека новиот директор за комуникација кој беше избран денес, Скарамучи, пишуваат медиумите, има “затегнати односи“ и со Спајсер, заради што овој денес и поднел оставка, меѓутоа и со Прајбус – актуелен шеф на главниот штаб на Белата куќа. Значи ли тоа дека Прајбус наскоро би можел да поднесе оставка? Тогаш кој ќе му остане на Трамп? Дали Трамп самиот ќе знае кој го окружува или пак со сите од сенка ќе управува како со неговата амбициозна ќерка Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер?
Иванка Трамп и Џаред Кушнер ш ќерката и зетот постанаа многу силен пар во Белата куќа

Познавачите на ситуацијата одвнатре истакнуваат дека тешко ќе го замислат Скарамучи и Прајбус да работаат заедно. Значи, тензиите само ќе се зголемат, а Трамп би можел да остане на маргините гледајќи како прашината се издигнува по ходниците на Белата куќа. Изгледа дека меѓу неговите лојални луѓе можеби останала уште само неговата советничка Кејлан Конвеј.
Кејлан Конвеј, поприлично лојална.

Кој е новиот човек, Ентони Скарамучи? Станува збор за финансиер на хеџ фонфот, менаџер кој својот фонд му го продал на кинески конгломерат непосредно пред инаугурацијата на Трамп, очигледно чистејќи си на тој начин простор за влегување во Белата куќа. Тогаш што сака Скарамучи? Можеби не е толку тешко да се погоди, а секако е битен и податокот дека за неговото влегување во Белата куќа силно ургирале и влијателните деца на Трамп ( за кои некои тврдат дека во животот не разговарале со особа, која барем не е милионер).
Ентони Скарамучи, волкот од Вол Стрит си го најде својот пат до Белата Куќа

Скарамучи е паметен човек. Спорадично се појавува во медиумите и постојано ја зазема страната на Трамп, без поговори, а таквите Трамп многу ги сака, т.е не оние превртливите кои му нудат квази-лојалност после изборна победа.

Освен тоа што Скарамучи е бизнисмен и финансиер претходно водел и емисија на Фокс Њуз под наслов “Wall Street Week”.

Во 2008 година Сакарамучи го организирал финансирањето на кампањата на Барак Обама, подоцна  во 2012 година се префрлил на Мит Ромнеј каде му помогнал да собере огромна сума на пари.

Дали сега ни е појасно кои се целите на Скарамучи? Па, се разбира – Скарамучи е волкот Wall Street кој не се замара со носење на јагнешка кожа. Тој е човек од Wall Street, војник од Wall Street и право влегува во Белата куќа за да од таму ги надзира интерсите на Wall Street секогаш да се држат високо, по можност највисоко. Wall Street. На Wall Street Трамп е сомнителен осомничен – тие градежници, па макар грамозните капиталисти како и тие, секогаш им биле сомничави бидејќи не се занимаваат со финансиско мешетарење или како што некои ќе кажат – софистицирано одтуѓување  на туѓите пари.

Wall Street, ја посакувал, многу ја посакувал, претседателката Клинтон – бидејќи таа им се заколнала на лојалност. Сега на Трамп му ја провалуваат вратата на Белата куќа и влегуваат внатре.

Wall Street вели дека  требало Хилари Клинтон да победи, па пак не успеа, ама секогаш постои план Б.

Лекција? Кој и да победи. Wall Street победува. Меѓутоа на хаосот сеуште му нема крај, консолидацијата на кадрите околу Трамп и понатаму е флуидна и за внатрешните превирања уште малку ќе посведочиме, ама не е тешко да се предвиди како ова сапуница ќе заврши.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + 9 =

%d bloggers like this: