aksa

Факти кои не сте ги знаеле за Месџиду-Л-Акса

Само едно место на светот представува најспорно земјишна површина, станува збор за Месџиду-л-Акса во Кудс, Ерусалим. Не е претерување доколку се каже дека со илјадници години луѓето умираат обидувајќи се да го контролираат ова подрачје.

За муслиманите таа зазема многу важно место во срцето бидејќи представува трето свето место во исламот. Аллаховиот Пратеник а.с со воља на Аллах од Ал Акса направил Мираџ кон небеските висини. Тоа била глетка на најнеобично собирање во историјата на човештвото-кога секој пратеник кој некогаш живеел собирал во џемаат и клањал зад пратеникот  Мухаммед а.с.

Меѓутоа сепак постојат одредени работи кои можеби не сте ги знаеле за Месџиду-л-Акса:

8. Не станува збор за само една џамија

Да, на местото кое го знаеме како Месџиду-л-Акса постојат повеќе џамии. Ние за Месџиду-л-Акса мислиме како на зграда на најјужниот агол на џамија. Меѓутоа тоа е Месџиду-л-Киблеј бидејќи е најблиска до Киблата, а ја изградил халифаѕа Омер ибн Хаттаб, р.а. на 15 година по Хиџра; потоа тука е и мусала Ел- Меравније, која некогаш служела како фикхска школа; мезџид Ел-Кадим која некогаш служела како влез во дворец Умевија по кој пат се влегувало во централниот месџид низ двојна голема врата; месџид Ел-Буррак, името го добил по местото на кое Аллаховиот Пратеник, го врзувал својот кољ Бурак во ноќта на Исра и Мираџ, тој сеуште бе отворен и во него се клања џума намаз и бајрам намазите; месџид Ел-Мегарибе, изградена од страна на Салахудин ел-Ејуби, просторот и самиот месџид денес служи како сала во коај е сместен исламски музеј; месџид-Ен-Ниса`и, периодот на неговата изградба се поврзува со владеењњто на Умевија и тој денес служи како место каде жените извршуваат намаз.

Месџиду-л-Акса пресдавува име за целото свето подрачје или ел-Харем еш-Шериф, вклучувајќи ја и Куполата на карпа/Кубетул Сахру. Овој дел од градот се простира на 140 дунуми или 15% од старото градско подрачје, шро изнесува околу 1 км2. Се наоѓа на југоисточниот дел на градот, а окружен е со зидови со 11 капии. Седум капии се отворени додека останатите се затворени. Самиот ел-Харем еш-Шериф има 14 врати, а само 10 се отворени.

Ел-Харем поврзан е со сотанатите делови на градот преку патеки кои се протегаат низ градот. Во внатрешноста на ел-Харем се наоѓаат 25 чешми со питка вода, а осум од нив се наоѓаат во Куполата на карпа, додека останатите се наоѓаат помеѓу Месџиду-л-Акса и Карпите, каде се наоѓа и Ел-Акса фонтаната. Покрај тоа, постојат и неколку фонтани – себили. Џамијата има четири минариња: Минаре кое се наоѓа кај вратат Ел-Есбат: ова минаре е изградено во период на владеење на Ел-Мегарибе, помало е од минарето за само 23,5 метра, а исто така треба да се напомене дека ова минаре го задржало својот првобитен изглед без било какви измени; Минаре кое се наоѓа на вратата Ел-Силсиле, го задржало својот првобитен изглед а изградено е во време на Мемлуците во 730 година по Хиџра; минаре покрај вратата Ел-Гаваниме, изградено е во времето на Мемлуците во 697 година по Хиџра а високо е 38,5 метра.

7.  Таа представува и мезарје (гробишта)

Не постојат точни податоци колку пратеници и асхаби се погребани на ова место, меѓутоа историски гледано голем број од нив токму овде почиваат. На пример, Сулејман, а.с веројатно овде е погребан бидејќи ни е познато дека пратениците ги погребуваат на местата каде што ќе починат, а Сулејман, а.с починал во текот на изградбата на зградата која некогаш тука се наоѓала според некои преданија.

6. Таа била и депонија за ѓубре

Во периодот кога на Евреите не им било дозволено да живеат во градот, Римјаните, кои како мнозинско населние коа било населено тука го користеле како депонија за ѓубре. Кога Омер, р.а го ослободил градот, тој со воите раце го одстранувал ѓубрето. Исто така го прекинал и стогодишното прогонство на Евреите и повикал 70 бегалски семсјтва кои се наоѓале во нахблиското село да се врата во градот давајќи им право на враќање после вековното прогонство, услуга која (добрина) која ја заборавија.

5. Тука живеел Газали и го напишал своето ремек дело

Една од најпознатите книги на исламската литература е Ihjau’ulumiddin од Ебу Хамид ел-Газали.. Тој бил човек почитуван од страна на сите мезхеби заради неговата способност да проникне во длабочината на душата на човекот останувајќи во рамките на Кур`анот и сунетите на Пратеникот. Она што повеќето луѓе не го знаат е тоа што ел-Газали живеел во Месџиду-л-Акса и на јапишал споменатата книга.

4. Служела како штала , палата и место за погубување.

Кога првите крестоносци го зазеле Ерусалим, тука пронашле голем број на муслимани заклучени во Месџиду-л-Акса. Убиле околу 70.000 муслимани, а потоа Месџидул Кибле го претвориле во палата, Кубетул Сахра во капела, а подземните одаи во штали. Имад ед-Дин, биограф на Салахудин, потврдува дека михработ бил полн со свињи и измет. Муслиманите кои го преживеале првиот масакр подоцна биле распнати на голем крст кој бил поставен во близина на центарот на овој месџид. Ова бил единствен крст кој бил скршен од страна на Салахудин кога го освоил Ерусалим. Основата каде што се наоѓал крсот сеушѕе може да се забележи.

crusader_cross_on_the_haram_sharief

3. Тука се наоѓа легендарниот минбер

Султанот Нуруддин Зенки, еден од најголемите херои во историјата на исламот, наредил да се изгради посебен минбер како би се поставил во Месџиду-л-Акса, кога евентуално би се повратила од крстоносците. Овој минбер не само тоа што бил убав, туку направен е така да во сбе нема ниту еден брут (шајка) ниту капка лепило. Направен е од преку 10.000 парчиња цедров и друг вид на дрво, слоновача и седеф. За жал, Нуруддин не доживеал да ја види победата, ама неговиот штитеник Салахудин ја исполнил желбата на својот учител, и откако го ослободил Ерусалим по втор пат во историјата на исламот, тој во неговата внатрешност го поставил минберот. после освојувањето на Ерусалим, во Месџиду-л-Акса за прв пат после 88 години било клањато џума-намаз, а луѓето плаќеле кога ерусалимскиот кадија Мухји ед-Дин ел-Курејши се каќил на штотуку поставениот минбер.

Минберот сеуште представува легенда помеѓу знаетчиите и мајсторите. За жал, овој минбер не преживеал.

2. Кубетул Сахра порано поинаку изгледала

Куполата на карпата или Кубетул Сахра, веројатно е првата купола која е изградена во историјата на исламот. Месџид Ел-Куббрто било изградено од страна на халифата Абдулмелик ибн Мерван во 65-86 година по Хиџра. Овој месџид односно камената купола има облик на октагон (осмоаголник). Ес-Сахре е назив за најглем дел од куполата Месџиду-л-Акса, должината му изнесува 17.70 метра, ширина 13,50 метра, додека висината изнесува 1,25 метра.

Била од дрво и месинг, олово или керамички покривач, меѓутоа илјадници години подоцна за време на османлискиот халифа Сулејман Величенствениот, препознатлив златен слој додаден е на куполата заедно со османлиските плочки на фасадата на зградата.

  1. Била и запалена

Дали некогаш сте се запрашале шро би се случило доколку Месџиду-л-Акса биде осквернавена, симнато знамето со Кубетул Сахра па дури и запален самиот месџид? Дали тоа муслиманскиот свет би го дозволил? Размислете уште еднаш!

Во текот на 1967 година Ерусалим по трет пат е преземен од муслиманите и паднал под контрола на Израел. Окупаторските војници на Израел го поставиле своето знаме на куполата. Лидерството на Израел сватило дека отворената контрола на Месџиду-л-Акса би била директна провокација врз муслиманскиот свет. Тие оформиле Вакуф за зачувување на баштината на Месџиду-л-Акса како би ги смириле муслиманите.

И, им успеало!

 Во 1969 година, австралиски ционист го запалил минберот на Нуруддин и Месџидул Киблеј. За кратко огнот ја зафатил целата џамија. Муслиманскиот свет го пробудија сцени од најлошата ноќна мора. Очајните Палестинци се обидувале да го згаснат огнот онолку колку што можеле. Целиот уммет ја наведнал главата од страм. Од тогаш џамијата е обновувана и поправана, меѓутоа нападите над третото насјвето место во исламот траат до ден денес. Се ископуваат и поткопуваат темелите на џамијата, неовластени посети, а секојдневните закани за обнова на стариот храм моментално се во тек. Ционистичките забрани на мажите помлади од 50 години да клањаат внатре во џамијата исто така се секојдневие.

Месџиду-л-Акса е место на праведниот исламски хилафет пред Судниот Ден. На многу мал број на муслимани од нашиве простори позната му е вистинската важност и вредност на Кудс (Ерусалим) и месџидот кој се наоѓа во него; Месџиду-л-Акса (џамија Ел-Акса) А на уште помал број им се познати одликите и вредностите на неговите нериќетна ( благословена) околина, која од давнина е наречена Шам.

Возвишениот Аллах во низата на Кур`ански ајети го опишал Бејтул-Макдис и Месџиду-л-Акса како мубарек место, кое може да се окарактеризира со зголемување и мноштво во различни добра и дарови.

Аллаховиот Пратеник, а.с заедно со своите асхаби се свртувал спрема Месџиду-л-Акса шеснаесет или седумнаесет месеци после Хиџра како што забележал Бухари и Муслим, сё додека не дошла наредба да се свртат кон Ка`бето.

Од Ебу Зерр, р.а, се пренесува дека го запрашал Аллаховиот Пратеник, а.с : “Која е првата џамија која е изградена на земјата?“. Пратеникот Мухаммед а.с одговорил: “Месџиду-л-Акса“, Ебу Зерр запрашал: “После колку време е изградена Месџиду-л-Акса после изградата на Каб`ето?“ Пратеникот, а.с рекол: “ После 40 години.“, а потоа рекол: “ Каде и да те снајде времето за намаз ти клањај,земјата цела е чиста (месџид).“ ( Бележи Бухари, 3425).

Најголеми џамии и места за молитва во исламот представуваат трите познати џамии (месџиди), а тоа се: Месџидул-харам, џамијата на Пратеникот, па Месџиду-л-Акса. Месџиду-л-Акса, што значи Најдалечен месџид, нарелен е така заради тоа што се наоѓа најдалеку од Месџидул-харам во Мека. Месџидул-харам и Месџиду-л-Акса представуваат две Аллахови куќи кои се увакуфени од Адем, а.с, до Судниот ден, односно направени во сопственост на сите муслимани да кај нив ибадет му прават на Аллах. Овие три споменати џамии ниту во кој случај не е дозволено преместување од места на кои се изградени и подогнати, што представува низвна посебна одлика ис пецифичност, а по што се разликуваат од другите џамии и вакуфи. Една од тие причини за ова забрана се огледа во тоа што целата вредност на овие џамии се поврзува со местото на кое се изградени,а не за самата градба. Така, доколку, а да недаде Аллах дошло до нивно уривање, претварање во објекти за друга намена или окупирање од страна на непријателот, прописите кои се врзани за нив остануваат да важат за емјата на која се изградени. Муслиманите се должни тие земји да ги вратат и објектите доведат во првобитна состојба, т.е да бидат Аллахови куќи и вакуфи за муслиманите каде на Аллах ќе му вршат ибадет.

Од Абдуллах б.Омер, р.а се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, а.с, рекол: Кога Сулејман б. Давуд, а.с., ја изградил Месџиду-л-Акса, од Аллах побарал и замолил за три работи:

-суд кој ќе се поклопува со Аллаховиот суд.,

-власт која нема да ја има никој после него,

-и дека секој оној кој ќе ја посети Месџиду-л-Акса и во неа клања од неа ќе излезе чист од гревови како на денот кога го родила неговата мајка.

Потоа, Пратеникот, а.с рекол: Што се однесува до првите две работи тие му се дадени,а што се однесува до третата работа, јас се надевам дека и таа му е дадена.  (Ahmed, Nesai, Ibnu Madže, hadis sahih, Sahihu Džami`a, 2090. Albani)

Намазот во Месџиду-л-Акса повреден е за две стотина и пеесет пати од намазот во другите места мимо Месџиду-л-Харам во Мека и месџидот на Пратеникот а.с во Медина.

Ебу Зерр, р.а рекол: Разговаравме во присуство на Аллаховиот Пратеник, а.с кој е најдобар месџид; дали месџидот на Пратеникот или Месџиду-л-Акса. А, Пратеникот, а.с рекол: “ Намазот во овој мој месџид е подобар од четирите намази во Месџиду-л-Акса и тоа е преубаво место за кланање во земјата на Махшерите. И на луѓето ќе им дојде време во кое просторот на едедн дел од каде ќе може да се види Месџиду-л-Акса ќе биде подобар од целиот дуњалук. . (Bejheki, Tabarani, hadis sahih, Medžmeu Zevaid Hajsemi i Sahihu Tergib Ve Terhib, 1179. Albani.)

Месџиду-л-Акса сеуште чека на новиот Омер и Салахуддин.

 

 

 

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× five = 40

%d bloggers like this: