pyd

ПКК/ПЈД присилно вооружува децата и млади

АНКАРА (АА) – Терористичката организација ПКК/ПЈД, која во северниот дел од Сирија под своја контрола ја држи околината на градот Африн, под присила од секое семејство од околните села зема маж или жена со цел да ги мобилизира и да ги претвори во членови на организацијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од локални извори, силите на ПКК/ПЈД пред извесно време во Африн, со цел да ја зголемат својата бројност, формирале единица за „самообрана“ во којашто од селата во подрачјето на Раџо, под присила мобилизираат млади мажи и жени.

Без разлика на полот, ПКК/ПЈД од секоја куќа мобилизира најмалку еден член од семејството, почнувајќи од селото Џала.

Жителите на овие села, не сакајќи да паднат во рацете на оваа терористичка организација, се кријат во околните шуми, а некои пребегале во побезбедни подрачја.

Со цел младите да се вратат и да ги заземат своите места во единиците за „самоодбрана“, организацијата како заложници држи десетици членови на семејствата постари од 60 години.

Се дознава дека во појасот Шерен, во подрачјето на Африн, организацијата започнала да се информира од семејствата за тоа каде се наоѓаат нивните деца, со цел и тие присилно да бидат мобилизирани.

Народот е многу вознемирен поради ваквите активности на организацијата и загрижен е за иднината на своите деца.

Од друга страна, милитантите на ПКК/ПЈД претходниот ден во градот Дирбесије, кој се наоѓа во подрачјето на градот Хасеке во Сирија, извршиле напад врз пазарот и со себе повеле најмалку 15 млади лица.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × = 6

%d bloggers like this: