mozaikstruga

Ќе се изработува „Мозаик на Струга“

„Заедно да го сложиме нашиот мозаик“ е насловена активноста која започнува утре од 09:00 часот, на платото кај Споменикот на Револуцијата во Струга.

Станува збор за изработка на мозаик на градот. Организаторите, Локалната агенција за развој од Струга, информираат дека учество може да земе буквално секој и да сложи своја „коцка“ во Мозаикот на Струга.

– Да создадеме нешто трајно кое ќе преставува симбол на нашата заедница и наша заедничка креативна моќ, порачуваат организаторите.

Предводени од искусниот мозаичар Столе Илиев и неговите помошници, на ова заедничко дело ќе се работи три дена. Мозаикот свечено ќе биде откриен на 27-ми јули, од 19:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × seven =

%d bloggers like this: