сулејман

„Израелските напори забрзуваат страшна катаклизмата за целото човештво“

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, осудувајќи го насилството на изрелските безбедносни сили врз комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим во изјава за Anadolu Agency вели дека израелското насилство кон Палестинците е екстремна индоктринација и врв на верскиот екстремизам, а зад овој штетен менталитет лежи сиот државен апарат на Израел.

„Тоа е една екстремна талмудска филозофија преку којашто малиот еврејски свет сака да го стави во свои раце целиот свет, всушност, целото човештво. Според оваа екстремистичка талмудска идеологија, Ал-Акса мора да биде уништена и таму да се изгради „Храмот на Соломон“, бидејќи според нив, ова е божја заповед!“, вели Реџепи.

Реџепи истакна дека оваа институционална екстремистичка филозофија на Евреите за првпат се појави од 1967 година, и додава дека не случајно од тоа време во џамијата Ал-Акса се извршени напади со сериозни последици, убиени се илјадници Палестинци, илјадници муслимани молејќи се, биле ранети и уапсени за време на молитвата, бил предизвикан оган, и повеќе од еднаш имало обид да се изгори Ал Акса.

Според него, неодамнешните напади на израелската армија врз оваа џамија е во ист дух со она што се случува во текот на последните 50 години.

„Би било многу човечки доколку светските организации, било тоа УНЕСКО или релевантните комисии и агенции во рамките на ОН, САД и ЕУ, добро да му ја покажат на Израел историјата, да не скршнуваат од вистинскиот пат поради напорите за погрешна перцепција којашто се обидува да ја наметне израелската држава“, апелира Реџепи.

Системот на еврејските доселеници во дворот на светата џамија за муслиманските верници, поглаварот на ИВЗ го смета како екстремистичка и терористичка политика, поддржана од страна на Израел, држава чиј народ, како што вели тој, доживеа тероризам без преседан, а мир, спокојство и државотворност има искусено само покрај муслиманскиот народ.

„Во земјата има многу празен простор, како што има и израелската држава. Нека го изградат каде што сакаат Храмот на Соломон. Со институционален апел, убеден сум дека самите муслимани ќе помогнат во изградбата на храмот, но не на темелите на џамијата Ал-Акса. Се плашам дека таквата цел ќе ја забрза страшната катаклизма за целото човештво“, рече поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи за АА, додавајќи дека Ал-Акса е третото свето место за муслиманите од целиот свет, свето како што се Мека и Медина.

Потсетуваме, ситуацијата ескалираше откако израелските власти го затворија комплексот Ал Акса за првпат по 1967 година, потоа поставија детектори за метал, откако полицијата на 14. јули уби тројца Палестинци со образложение дека сакале да извршат оружен напад, и изјави дека во текот на инцидентот биле повредени двајца израелски полицајци кои починале на пат до во болницата.

Палестинците се спротивставија на овие мерки протестирајќи, а молитвата ја вршеа надвор од комплексот Ал Акса, но се соочија со интервенција на израелските сили, при што имше и жртви.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − eight =

%d bloggers like this: