палестина

(Фото) ПАЛЕСТИНА: Драма во Ал-Акса интервенција на израелската полиција, ранети 56 особи

ЕРУСАЛИМ (AA) – Израелската полиција користеше сила против Палестинците кај влезот Хута на комплексот Ал Акса при што се ранети десетици лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Инцидентот се случи додека Палестинците по две недели забрана се обидоа да влезат во Ал Акса.

Според зборовите на очевидците, израелската полиција интервенираше со звучни бомби додека Палестинците се обидуваа да влезат во Ал Акса.

Во таа прилика ранети се десетици лица, а кај спомнатиот влез од комплексот се случи вистински метеж.

Десетици илјади луѓе почнаа да влегуваат во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим.

По интензивните реакции на Палестинците во овој град денеска во попладневните часои отворени се сите врати од овој храм.

Ерусалим е свето место за муслиманите, евреите и христијаните, а џамијата Ал-Акса, претставува трето најсвето место за муслиманите, по Мека и Медина во Саудиска арабија. Денеска интелектуалците од Ерусалим упатија повик до муслиманите да влезат во Ал Акса.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = four

%d bloggers like this: