ибрахим Калин

„Доколку Израел продолжи вака ќе биде соочен со целиот муслимански свет”

АНКАРА (AA) – Ибрахим Калин, гласноговорникот на Претседателството на Република Турција, во врска со купувањето на одбрамбениот противвоздушен систем С-400 изјави дека договор со Русија за тоа е речиси постигнат, јавува Anadolu Agency (AA).

„Може слободно да кажеме дека тоа во голема мера е завршено. Останаа уште некои ситници. Но главните точки од договорот се постигнати”, рече Калин за време на гостување на телевизијата „Хабертурк”.

Нагласи дека не треба веќе да се политизира ова прашање, потсетувајќи дека станува збор за одбрамбен противвоздушен систем.

„Пред се, се работи за одбрамбен систем. Ние нема никого да напаѓаме со овие ракети. Овој систем нам ни е потребен за да би спречиле евентуален напад врз нас”, рече Калин.

Се осврна на случувањата во џамијата Ал Акса во Ерусалим, истакнувајќи дека Турција спроведува потребни дипломатски активности за да се спречат тензиите во овој храм.

Потсети дека и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во неодамнешниот телефонски разговор со претседателот на Израел Рувен Ривлин нагласил дека не е исправно тоа што го прави Израел во Ал Акса.

Калин истакна дека Израел со последните постапки во Ерусалим сака да го смени постоечкиот статус на комплексот Ал Акса.

„Нашиот најголем страв е дека се спроведува план за да се смени постоечкиот статус на Ал Акса”, рече Калин.

Напомена дека е најважно да престанат напнатостите во Ерусалим.

„Израел треба да преземе чекори за да го сочува постоечкиот статус и да избегнува постапки со кои би се загрозила Ал-Акса. Тоа е она што ние од нив очекуваме”, рече Калин.

На крајот порача дека Палестинците и Ал Акса не се осамени во борбата на патот за правдата.

„Борбата на Палестинците не е само прашање на земјата, религијата, етничката група, нацијата, туку тоа е прашање на правда и правата. Палестинскиот народ, Ал Акса и Ерусалим не се препуштени сами на себе. Се додека биде продолжена ваквата политика, Израел ќе биде соочен со целиот муслимански свет”, рече Калин.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five × 3 =

%d bloggers like this: