ak5

Илјадници Палестинци петочната молитва ја извршија на улиците околу Ал Акса

ЕРУСАЛИМ (АА) – Ограничувањето според возраста што израелската полиција го воведе за влез во комплексот Ал Акса, се претвори голема пречка за палестинските муслимани, кои по две недели посакаа да ја одржат петочната молитва во Харем-и Шериф, јавува Anadolu Agency (AA).

ak3

Израелската полиција постави контролни точки во подрачјето на стариот град, каде што се наоѓа комплексот Ал Акса, и не им дозволи влез во џамијата на мажите муслимани под 50-годишна возраст. Палестинските муслимани петочната молитва ја одржаа на улиците, пред портите Сахира и Дамаск од комплексот Ал Акса.

Ешреф Манасира, кој уште во утринските часови излегол на пат од градот Ел-Халил за да дојде на петочната молитва во Ал Акса, се мачеше да не заплаче поради новата забрана за влез во џамијата, врз основа на возраста, воведена од страна на израелските безбедносни сили.

„Цели две недели ги следевме настаните што се случуваа тука. Се изборивме денес тука да ја одржиме петочната молитва. Дојдов тука од Ел-Халил. Само затоа што мојата лична карта е од Западниот Брег, не ми дозволуваат да влезам во Ал Акса. Имам 42 години, имам дозвола за влез, но еден израелски војник, дете, не ми дозволува да влезам“, рече Мансира во изјава за АА.

Манасира, кој зборуваше за воведената забрана од страна на Израел, истакна: „Во состојба сме токму пред експлозија. Ја гледате нашата ситуција, постојано ни го прават ова. Ова е наш свет објект, тој не им припаѓа ним. Полицаец од редовите на израелската полиција не ме пушти да влезам во комплексот, а потоа дојде друг полицаец и на друг јазик му рече: ‘избркај го од тука, нека си оди’. Дојдовме во Ал Акса заради петочната молитва“.

- „Ерусалим е наш, Акса е наша“

Палестинецот Зарифе Ебу Сбитан, кој успеал да ја мине контролната точка рече: „И покрај пречките, проблемите и контролните точки, се обидуваме да влеземе во комплексот Ал Акса. Жртви сме на сите видови забрани. За да стигнам дотука, минав низ три различни контролни точки“.

Ебу Сбитан истакнува дека комплексот Ал Акса им припаѓа на муслиманите, и изјави: „Акса е наша, дојдовме за петочната молитва. Ова место не е нивно. Ерусалим е наш, Акса е наша“.

Еден друг Палестинец кој успеа да ги мине контролните точки на израелската полиција е Саид Миск, кој упати повик до муслиманскиот свет: „Ал Акса не смее да се напушти, овој комплекс ги претставува сите муслимани. Ние сме жртви на муслиманската популација. Немаме потреба од материјална поддршка, нам ни е потребна вистинскa духовна поддршка. Се наоѓаме во многу тешка состојба“.

Израелската полиција денес издаде писмено соопштение во коешто се наведува дека на мажите муслимани под 50-годишна возраст не им се дозволува влез во Ал Акса, додека за жените не е воведена забрана за влез.

Во соопштението се истакнува дека на подрачјето на стариот град во Ерусалим, пред ѕидините и во самиот стар град, распоредени се дополнителни полициски сили, а затворени се и некои патишта во околината.

 ak4 ak5 ak6




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + three =

%d bloggers like this: