москва

Русија го возвраќа ударот, САД да ја намали бројката на дипломати, а следува и конфискација на имот

Русија одлучила да го возврати ударот на американските санкции порачувајќи му на САД дека веднаш мора да го намалат бројот на дипломатскиот персонал во Русија за 200 до 300 особи во рок од еден месец. Понатаму, од Москва порачуваат дека ќе запленат дел од американскиот дипломатски имот во Русија.
Потсетуваме, САД сличен чекор направи против Русија пред крајот на администрацијата на Обама – поголем број на руски дипломати морале да го напуштата САД, а поедин дипломатски имот е запленет. Русија тогаш одлучила да не возвраќа, па наместо тоа одлучиле да го чекаат доаѓањето на Трамп, како би виделе какви ќе бидат неговите чекоро.

Меѓутоа, после новите санкции Русија одлучила дека мора нешто да превземат. Ова би можело да се нарече прв чекор – рускиот врв порачал, дека ќе направат “ сё за да ги вразумат САД“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × = eight

%d bloggers like this: