ruskamornaruica

Oдбележан Денот на руската морнарица, на парадата присуствуваше и Путин

САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) – Во Санкт Петербург денес се одржа воена парада по повод Денот на руската морнарица, јавува Anadolu Agency (AA).

На парадата присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Освен морнарицата, на парадата беше претставена и авијацијата, стратешкиот бомбардер Tupolev TU-95 MS и повеќенаменскиот ловец-бомбардер Sukhoi Su-30 SM.

Руските медиуми објавија дека Министерството за одбрана претходно соопштило оти на парада таво Санкт Петербург, за првпат во историјата, ќе присуствуваат повеќе од 5.000 морнари од Балтичката, Северната и Црноморската флота, како и касписката флотила.

Во парадата учествуваа околу 50 бродови и подморници, додека пак 40 авиони и хеликоптери на поморското воздухопловство летаа над градот.

Претходно медиумите објавија дека на овогодинешната парада во Санкт Петербург учествуваат околу десет бродови и други пловни објекти од Северната флота на Русија, вклучувајќи ја и подморницата Дмитриј Донски.

Првата руска морнарица со декрет на царот Петар I е основана во 1696 година.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − = 5

%d bloggers like this: