BREAKING NEWS
Search
turcijadron

Турција успешно ги тестираше борбените дронови од домашно производство

АНКАРА (АА) – Како една од водечките земји во развојот на беспилотни летала, Турција денеска супешно ја тестираше новата генерација воени дронови кои во потполност се развиени и произведени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

dron1

Дронот „Бајрактар ТБ2”, опремен со напреден систем на вооружување и муниција, успешно ги гаѓаше зададените цели на оддалеченост до 8 километри.

Станува збор за дронови кои можат да се користат во извидувачки или борбени мисии. Тие веќе трета година се во инвентарот на турската војска, полиција и жандармерија.

Дронот ТБ2 може да лета до 27 часа од полетувањето, и да се употребува во домашни и во странски мисии.

Конзолата на овој дрон, неговата електроника, софтвер и сите преостанати сегменти се произведени од турски компании. Напредниот систем на вооружување MAM-L е дело на турската компанија „Рокетсан“ (Roketsan).




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × = 42

%d bloggers like this: