protest melburn

Австралија: Муслимани, христијани, Евреи и Абориџини против забраната за Ал Aксa

МЕЛБУРН (АА) – Во австралискиот град Мелбурн се одржаа демонстрации за да се укаже на ограничувањата кои ги наметна Израел за Ал Aкса, јавува Anadolu Agency (AA).

Австралијците, меѓу кои муслимани, христијани, Евреи и Абориџини, се собраа во центарот на Мелбурн за да укажат на воведените ограничувања и забраните кво врска со Ал-Акса.

Демонстрантите носeјќи палестински знамиња во рацете побараа Израел да се повлече од окупираната палестинска територија и да стави крај на забраната во однос на Ал-Aкса.

Тие го критикуваа односот на австралиската влада која го поддржува Израел, и ги осудија изјавите на австралискиот премиер Малком Турнбул.

Демонстрантите потоа низ главите улици ги извикуваа паролите „Слободна Палестина, Слободна Газа“, „Израел напушти ја Газа, повлечи се од Палестина“, а носеа и транспаренти на кои пишуваше „Крај на окупацијата“.

Демонстрациите, на кои немаше инциденти, завршија по два часа.





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − = one

%d bloggers like this: