bahreinkral

Бахреинскиот крал разговараше со шефовите на дипломатии на просаудискиот блок

МАНАМА (АА) – Бахреинскиот крал, Хамад бин Иса Ал Калифа, се сретна со министрите за надворешни работи на четирите држави од Персискиот Залив, кои ги прекинаа односите со Катар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Состанокот на кралот на Бахреин со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет се одржа во палатата во Манама, а бахреинската новинска агенција БНА (BNA) јавува дека кралот Ал Калифа ги пофалил властите на четирите земји во процесот на борбата против тероризмот и екстремизмот.

Главна тема на состанокот била и актуелната криза на односите на четирите земји со Катар.

Кризата изби на почетокот од месец јуни кога тие земји ги прекинаа односите и ги блокираа копнените и воздушните граници со Катар, кого го обвинуваат за поддршка на тероризмот.

Властите на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет му доставија на Катар листа со 13 барања кои треба да ги исполни, меѓу кои е и затворањето на турската воена база во Катар, затворање на медиумската мрежа „Al Jazeera“ (Ал Џезира) и прекин на односите со Иран.

Катар ги негира сите обвинувања и тврди дека блокадата е спротивна на меѓународното право и норми.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 8 =

%d bloggers like this: