i4

(Фото) Истанбул: Голем број граѓани на митингот за поддршка на Палестина

ИСТАНБУЛ (АА) – На митингот кој се одржува денес во Истанбул со поддршка на бројни невладини организации, пристигнуваат голем број на граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).

i8

Митингот се одржува во Јеникапи, a поставена е платформа и екрани преку кои граѓаните го следат случувањето.

Засилени се мерките за безбедност, а на влезот се делат знамиња на Турција и на Палестина.

На теренот се наоѓаат бројни екипи на итната медицинска помош и амбулантни возила.

На просторот каде што се одржува митингот, може да се забележат транспаренти на кои пишува „Израел, ќе се задушиш во крв“, „Нека е проклет Израел“ и други.

Израелската полиција на 14 јули во Ал-Акса усмрти тројца Палестинци за кои тврдеше дека учествувале во оружен напад. После тоа, Ал-Акса беше затворена за молитва.

На 16 јули, двата влеза во Ал-Акса се отворени, но на нив беа поставени детектори за метал.

Палестинците по поставувањето на детекторите, молитвите ги извршуваа во близина на Ал-Акса, а често доаѓаше до интервенција на израелската полиција.

i1 i2 i3 i4 i5 i6 i7




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + 6 =

%d bloggers like this: