шиитски лидер

Ирачки шиитски лидер ја посети Саудиска Арабија

Влијателниот шиитски клерик од Ирак Муктада Ал-Садр, вчера пристигнал во Саудиска Арабија, што представува негова прва посета на ова земја после речиси цели единаесет години.

Садр при доаѓањето бил пречекан од Тамер Ал-Субхан, самудиски министер за работи на Заливот.

“Многу сме задоволни од позитивното придвижување во саудиско-ирачките односи за што во последно време сведочиме и се надеваме дека ова е почеток на изчеснување на секташкиот раздор во арапско-муслиманскиот свет“, се наведува во соопштението на кабинетот на Садр.

Муктада садр лидер е на движењето Ал-Садр, ужива широка база на подршка меѓу ирачките шии, доаѓа ов угледно шиитско семејство и четврти син е на угледниот шиитски клерик големиот ајатолах Мохамед Садека ал-Садр.

Последна посета на Муктада Садр на Саудиска Арабија се случила во 2006 година.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 1 =

%d bloggers like this: