ракомет

ЕХФ: Грција суспендирана од Европското првенство што се одржува во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Кадетската репрезентација на Грција е исфрлена од Европското првенство за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).

Откако вчера, на самиот почеток на натпреварот помеѓу Македонија и Грција, по 32 секунди игра, гостинските ракометарки се повлекоа од теренот бидејќи на маиците на стручниот штаб на тимот на Македонија пишува „Македонија“, Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска донесе одлука, Грција да биде суспендирана и казнета.

„Отворена беше постапка против Грчката федерација и дисциплинската комисија одлучи дека тие имале обврска да го играат мечот според правилникот на ЕХФ. Според членот 7 од листата на казни на ЕХФ; Грција е исфрлена од шампионатот, а според членовите 12 и 14.1 од правилникот резултатот се регистрира со 10. Грција, исто така, е казнета со 25 илјади евра, а и останати трошоци можеби ќе треба да се платат. Комисијата сопре донесување на други суспензии за грчката федерација. Грците имаат право на жалба, но со оглед дека првенството се игра, таа жалба нема да има никаков ефект”, соопшти Европската ракометна федерација (ЕХФ).




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − 4 =

%d bloggers like this: