pakistan

Новата пакистанска влада стапи на должност

КАРАЧИ (АА) – Новиот кабинет на Пакистан составен од 46 члена, денес положи свечена заклетва во главниот град Исламабад, по дисквалификацијата на поранешниот премиер Наваз Шариф поради скандалот со панамските документи, јавува Anadolu Agency (AA).

На церемонијата на положување заклетва на новиот кабинет, кој вклучува христијански и хиндуистички министер, кои ќе застапуваат двете главни малцинства во Пакистан, присуствуваше и пакистанскиот претседател Мемнун Хусеин.

Новоизбраниот премиер Шахид Хакан Абаси, поранешен министер за нафта, го избра својот кабинет по консултации со поранешниот премиер, за кој се смета дека сé уште го држи партиското раководење.

Пакистанските пратеници го изгласаа премиерот Абаси на почетокот од оваа недела.

Поранешниот министер за одбрана, Асиф Каваја, станува министер за надворешни работи. Во изминатите четири години Пакистан немаше министер за надворешни работи. Наместо тоа, Сертаџ Азиз ја извршуваше функцијата советник на премиерот за надворешни работи.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Чаудри Нисар Али Кан, не е дел од новиот кабинет, најверојатно поради наводните разлики со Шариф. Тој е заменет од Ашан Икбал, кој ја извршуваше функцијата министер за планирање во кабинетот на Шариф.

Хурам Дастагир Кан е назначен за нов министер за одбрана, додека Ишак Дар, близок роднина на Шариф, е задржан на функцијата министер за финансии.

Двајца жестоки поддржувачи на Шариф, Даниал Азиз и Талал Чаудри, кои го бранеа поранешниот премиер за време на сослушувањето за случајот Панама-документи, исто така се вклучени во кабинетот како државни министри.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ two = 9

%d bloggers like this: