sadzname

САД ги известија ОН дека се повлекуваат од Парискиот климатски договор

ВАШИНГТОН (АА) – Американските власти официјално ги известија ОН дека ќе го напуштат Парискиот климатски договор што беше и едно од предизборните ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на американското Министерство за надворешни работи наведено е дека го известиле ОН оти сакаат во најкраток можен временски рок да го напуштат парискиот климатски договор.

„Парискиот договор е договор кој нема врска со борбата против климатските промени, туку со стекнување на економски предности во однос на САД”, изјави претходно Трамп. Тој истакна дека Парискиот климатски договор бил на штета на САД.

„Овој договор е последен пример како Вашингтон влегува во договор кој е на штета на САД, а во исклучителна корист на другите земји”, изјави американскиот лидер.

„Секој ден се борам за жителите на оваа земја. Економијата на САД се враќа многу забрзано. Имаме повеќе од милион работни места. Ова би бил многу успешен период. За да го исполнам своето ветување и да ги заштитам нашите работници, САД се повлекува од Парискиот климатски договор, но ќе ги продолжиме преговорите со земјите потписнички на овој договор за да видиме постои ли некој оправдан начин да се вратиме. Длабоко сум загрижен за околината, но не можам да прифатам договор кој е на штета на САД”, изјави Трамп во Белата куќа во јуни оваа година.

Парискиот договор има за цел намалување на емисијата на стакленички гасови, за кои научниците тврдат дека доведуваат до глобално затоплување.

Да потсетиме, Парискиот договор за климатските промени е прв глобален климатски договор кој ги обврзува богатите и сиромашните земји за спречување на растот на емисијата на стакленички гасови кои се сметаат за главна причина за затоплувањето на Земјата.

Договорот е посгигнат во Париз на 12декември 2015 година, а земјите потписнички со него се обврзаа дека глобалното затоплување ќе го ограничат на ниво „значително помало” од 2 степени Целзиусови.

Договорот досега го потпишаа 195 земји, додека го ратификуваа 147.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 3 = six

%d bloggers like this: