египет

Египетската војска сруши уште еден тунел на границата меѓу Газа и Синај

КАИРО (АА) – Египетската војска денес уништи уште еден таен тунел под границата со блокираниот појас на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на египетската војска, полковникот Тамит ал-Рифаи, соопшти дека денес е уништен таен тунел, откриен во пограничниот појас на Северен Синај.

Според официјалните податоци на египетската војска, оваа година се откриени и уништени 42 тунела на границата со Газа, која веќе подолго од деценија е под потполна израелска блокада.

Со изборната победа и доаѓањето на власт на Хамас во 2006 година во Газа, Израел воведе потполна блокада на регионот, а единствениот граничен премин кон Египет, Рафа, е затворен за трговија. Палестинците во Газа ископаа голем број на тајни тунели под границата.

Палестинците низ тие тунели со години се снабдуваа со гориво, храна, градежни материјали и други потреби, а по државниот удар во Египет во јули 2013 година, воената египетска власт нареди рушење на сите тунели на границата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = twelve

%d bloggers like this: