thumbs_b_c_0620f843e81deb2ff139d779e389ffa1

Над 850.000 бегалци во Турција ќе добијат дебитни картички

АНКАРА (АА) – Над 850.000 бегалци ќе добијат специјални дебитни картички овој месец финансирани од Европската Унија а имплементирани од страна на Турската црвена полумесечина, јавува nadolu Agency (AA).

Раководителката на Канцеларијата за хуманитарна помош на Европската комисија (ECHO) во Турција, Џејн Луис, во разговор за АА изјави дека целта била до септември да се оствари пристап до над милиони бегалци.

„Овој месец, над 850.000 бегалци кои се наоѓаат под привремена меѓународна заштита ќе добијат картичка и ќе примаат месечен трансфер”, изјави Луис.

„Се надеваме дека до септември ќе имаме над милион лица вклучени во програмта”, истакна таа.

„Сепак, вистинската цел се 1.314 милиони, во зависност од тоа кој има право да добие картичка”.

Луис исто така рече дека месечниот трансфер за секој бегалец кој престојува надвор од бегалските кампови, и е регистриран од страна на Директоратот за регионална миграција, се зголемил од 100 турски лири на 120 турски лири месечно.

Во соработка со официјалните турски претставници и со ОН, Комисијата на ЕУ за хуманитарна помош ја лансираше програмата за контрола на протокот на мигранти во блокот, и да помогне на околу 3 милиони бегалци во Турција, од кои повеќето се Сиријци.

Турција е домаќин на најмногу сириски бегалци од која било земја на светот. Земјата од почетокот на сириската граѓанска војна има потрошено околу 25 милијарди долари за обезбедување помош и засолниште на бегалците.

Со дебитните картички бегалците ќе можат да купуваат во продавници со дебитна картичка на Халкбанк и да повлекуваат пари од банкомат на АТМ.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 7 =

%d bloggers like this: