realmancester skopje

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед пристигнаа во Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Во пресрет на одржувањето на натпреварот од Суперкупот на УЕФА помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, фудбалерите на кралскиот клуб од Шпанија пристигнаа во Скопје каде што ќе престојуваат во еден приватен хотел, јавува Anadolu Agency (AA).

При пристигнувањето на автобусите во кои беа фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед група нивни фанови и поддржувачи од Скопје се собра пред хотелот каде ги пречекаа своите омилени фубдалски имиња кои ги поздравија со аплауз.

Претходно, на скопскиот аеродром Алексадар Велики присуствуваа бројни навивачи кои дојдоа да ги пречекекаат фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но надлежните служби тоа не го дозволија.

По повод утрешниот натпревар, најавено е дека фудбалерите на двата тима ќе одржат прес-конференции во попладневните часови. Тренингот на фудбалерите на Реал Мадрид е закажан со почеток од 19.30 часот вечерва, додека тренингот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе започне во 17:30 часот.

Инаку, главниот град минува низ атрактивни денови поради фудбалскиот дуел помеѓу победникот од Лигата на шампоните на УЕФА, Реал Мадрид, и победникот од Европската лига на УЕФА, Манчестер Јунајтед, и продолжува да ги пречекува гостите кои доаѓаат од земјите ширум светот.

Во пресрет на натпреварот, кој ќе се одигра утре на Арената Филип Втори во Скопје, поставени се знамиња на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на повеќе места низ градот, а на плоштадот „Македонија“ е организирана фан-зона каде што ќе се одвиваат разни активности. Во пресрет на Суперкупот во Скопје, посетен од голем број љубители на фудбалот од целиот свет, доминира возбудата.

Навивачите на Реал Мадрид се сигурни во победата на натпреварот, додека навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат на победа. Постојат и гледачи кои „неутрално ќе навиваат“ на овој фудбалски спектакл.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × 2 =

%d bloggers like this: