tilerson

Тилерсон: САД на 1 септември ќе ѝ одговорат на Русија за потегот со дипломатите

МАНИЛА/ЗАМБОАНГА (АА) – Министерот за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), Рекс Тилерсон, истакна дека на 1 септември ќе даде одговор на потегот на Русија за намалување на бројот на американски дипломати за 755 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Тилерсон се состана со својот руски колега, Сергеј Лавров, во главниот град на Филипините, Манила, каде што учествува на 50. Состанок на Министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земјите од југоисточна Азија (ASEAN).

Во изјава за медиумите по одржаната средба, Тилерсон истакна дека Русија е спремна за преговори со цел да се изнајде решение за кризата во Украина.

Тилерсон нагласи дека САД има големи несогласувања со Русија во врска со Украина, но, како што рече тој, не е ни добра идеја одеднаш да се донесе одлука. „Сѐ уште постојат значајни прашања во однос на националната безбедност за што треба да дикутираат САД и Русија“, нагласи тој.

Лавров соопшти дека администрацијата на Доналд Трамп ќе испрати нов специјален преставник во Москва, за да учествува на преговорите за Украина.

Од друга страна, Тилерсин истакна дека на 1 септември ќе одговори во врска со потегот на Русија за намалување на бројот на американски дипломати за 755 лица.

Американскиот министер за надворешни работи, Тилерсон, оваа одлука на неговата земја му ја пренел на Лавров за време на средбата, но, како што нагласи, сѐ уште не е јасно каков ќе биде тој одговор.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = four

%d bloggers like this: