jajca

Во Белгија откриени јајца што содржат инсектицид

БРИСЕЛ (АА) – По кризата во Германија и Холандија со „јајцата со инсектициди“, инсектицидот познат како Фипронил, кој е забранет за употребува на фармите, е пронајден во јајца во Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).

 Белгиската федерална агенција одговорна за безбедност на исхраната, соопшти дека во јуни откирен е Фипронил во јајцата, но, како што беше истакнато, поради тајноста на истрагата овој случај не е споделен со јавноста.

Од Агенцијата велат дека нема одредена ситуација која бара повлекување на јајцата во земјата, и дека во направените истражувања нивото на инсектицидот во јајцата било многу ниско.

„Истражувањата покажуваат дека јајцата не претставуваат закана за здравјето на населението“, истакна белгиската министерка за здравство, Меги де Блок.

Но, министерот за земјоделство на Белгија, Денис Дукарм, побара да се подготви специјален извештај кој ќе ги содржи мeрките кои се преземени во однос на овој случај од страна на агенцијата.

Дукарм истакна дека потребно е случајот да биде целосно транспарентен, како и тоа белгиските претставници да бидат во блиска соработка со своите германски и холандски хомолози.

Кога се појави кризата со јајца во Европа, во Белгија беше соопштено деко само некои јајца биле отровни, но надлежните велат дека моментално е откриен инсектицид во милиони јајца, и дека од превентивни причини потрошувачите да не ги употребуваат јајцата со кодот „X-NL-40155XX“.

Претходно беше сооопштено дека компанијата „Равел“ од белгискиот град Анверс, го мешал Фипронилот со дезинфектантот „Дега-16“, и дека овој дезинфектант бил користен особено на фармите за кокошки во Холандија, а јајцата од оваа фарма биле продавани во Германија.

Во некои фарми во Германија на кои се одгледува живина, биле откриени јајца кои содржеле Фипронил.

Супермаркетите во Германија ги тргнаа јајцата од своите рафтови.

Според соопштеното, компанијата „Равелс„ продавала средства за чистење кои содржеле инсектицид на околу 180 компании. Употребувањето на инсектицидот наречен Фипронил во големи количини ги оштетува бубрезите, дробовите како и тироидната жлезда на човекот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + 5 =

%d bloggers like this: