ЈАСМИН

РЕЏЕПИ: До политичките партии во земјава:

Знам дека сега се наоѓаме во друга политичка состојба и дека едните ги боли што останаа без власт, а другите ги фатило еуфорија и трчаат по позиции на власта, но, тоа е ваша работа. Бегалците и ирегуларните мигранти немаат врска со тоа, па затоа љубезно ве молам, како и до сега што не беа предмет во предизборијата, така и понатаму, не ставајте ги бегалците во вашите дневно-политички препукувања! Одржете ја политичката етика на позитивно ниво. Не бидете причина за ширење ксенофобија меѓу граѓаните.
Ние како граѓански сектор кој се грижеше, се грижи и ќе продолжи да се грижи за правата и состојбата на овие луѓе сме биле максимално посветени на тоа нашата држава најдобро да се снајде во бегалската криза, соработувајќи и помагајќи им на институциите во оваа насока. Сме биле критични, но воедно сме нуделе најдобри алтернативни решенија кои државата ги прифаќала и не се покајала.
Македонија никогаш не била целна дестинација на бегалците, туку само дел од транзитната рута. Тоа така и ќе остане по сите природни закони. Потреба за страв од населување на бегалци нема. Со сила никој, па ни ЕУ нема право да држи никаде, па ни тука.
Во однос на безбедноста, НИКОГАШ не е забележан инцидент од бегалец кон македонски граѓанин, но затоа имаме стотици регистририрани и нерегистрирани случаеви на грабежи, физички напади, па дури и убиства на бегалци или ирегуларни мигранти од страна на наши криминогени сограѓани од кои затворите се полни, а треба и да се дополнуваат.
Донесувањето стратегија и закони кои ги гарантираат правата на бегалците и ирегуларните мигранти, како дел од многуте реформи кои треба да се направат за приближување на Македонија кон евро-атлантските структури, само ќе го подобри статусот на нашата држава во меѓународни рамки, без било каква штета врз сопствените граѓани.
Нашиот придонес кон државните институции и понатаму ќе биде максимален и во рамките на потпишаните меморандуми за соработка, а сè во взаемен интерес на државата, граѓаните и бегалците.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 + seven =

%d bloggers like this: