oruzjesad

САД продолжува со испорака на воена помош на терористите на ПКК/ПЈД

ХАШЕК (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) под изговор за борба против терористичката организација ДЕАШ, продолжува да обезбедува воена помош за сирискиот огранок на терористичката организација ПКК/ПЈД. Синоќа, 112 камиони воена помош беа испратени до припадниците на организацијата во областа северно од Рака, јавува Anadolu Agency (AA).

Новинарот на АА во Ал-Хасака дознава дека 112 камиони со воена помош минатата ноќ ја поминале ирачката граница и влегле во подрачјето на Ал-Хасака, кое е под контрола на организацијата.

Вниманието го привлекоа и оклопните возила “Хамер”, кои ги користи американската војска, цистерните со гориво и возилата со средна големина, кои беа дел од конвојот.

Покрај тоа, вниманието го привлекува и тоа што ваквиот вид на транспорт се спроведува во текот на ноќта со покриени камиони.

Претходно во ова подрачје под контрола од ПКК/ПЈД беа испрати вкупно 909 камиони, поточно на 5, јуни 60, на 12. јуни 20, 16. јуни 50, од ​​21 до 26 јуни 120, 5. јули 82, на 9. јули 102, на 13. јули 95, јули 17. јули 100, на 22. јули 100, на 27. јули 80 и на 31. јули 100 камиони.

Како што дознава АА од Министерството за одбрана на САД, на листата на оружје што ќе се даде на групите во Сирија, меѓу кои се наоѓа и ПКК/ПЈД се 12.000 пушки марка калашников, 6.000 автоматски пушки, 3.000 противтенковски фрлачки гранати RPG-7 и друго оружје.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 7

%d bloggers like this: