pari

Како се живее во регионот: Најмал раст на платите во БиХ и во Македонија

САРАЕВО (АА) – Најголемата просечна плата исплатена во регионот според податоците за мај беше во Словенија и изнесуваше 1.050,78 евра, додека најмалата беше во Македонија и изнесуваше 372,55 евра (22.889 денари), покажува анализата на Anadolu Agency (AA).

Истовремено, просечната плата за мај исплатена во Хрватска беше 813,17 евра (6.025 куни), Црна Гора – 510 евра (податоци за јуни), БиХ – 439,71 евра (860 конвертабилни марки), а во Србија – 409,63 евра (49.238 динари).

Интересно е дека според состојбата во минатата година најмногу се зголемила просечната плата во Хрватска и тоа за 63,47 евра, а најмалку во Црна Гора, за цели седум евра.

Кога е во прашање растот на просечната плата во регионот во оваа во однос на минатата година, вториот најбрз раст на платите беше во Србија при што платата за тој период беше зголемена за 39,93 евра, и Словенија од 30,38 евра.

Ниско ниво на раст на просечната плата имаа и БиХ со цели 11,71 евра и Македонија со 9,05 евра.

Просечната плата кон крајот на годината во Словенија беше 1.020,40 евра, Хрватска – 749,70 евра, Црна Гора – 503 евра, БиХ – 428 евра, Србија – 369,70 евра, а Македонија – 363,50 евра.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × two =

%d bloggers like this: