erdogan

„Се надевам дека заканите на САД и Северна Кореја нема да прераснат во судир“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во судир со нуклеарно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).

„Околу 16 земји во светот достигнаа сериозно ниво кога станува збор за развојот на нуклеарното оружје. Меѓу нив се и три земји чиј потенцијал во оваа смисла е огромен. Се надеваме дека заканите меѓу САД и Северна Кореја нема да прераснат во вистински судир. Ова може да доведе до состојба да не биде само помеѓу тие две земји. Тоа би можело да иницира многу други закани. Се надевам дека во врска со тоа прашање ќе биде постигнато политичко решение“, рече Ердоган.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + = 14

%d bloggers like this: