silegov

Шилегов: ВМРО ДПМНЕ го штити Зврлевски за да не одговараат

Пратеникот од СДСМ Петре Шилегов денеска ги повика пратениците од ВМРО ДПМНЕ да не го штитат Марко Зврлевски преку обидите да направат тотална блокада на Собранието да делуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство.

-Ние сме свесни дека раководството на ВМРО ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. Но, нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки, рече Шилегов на прес конференцијата во Собранието.

Тој ги повика да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на Собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала.

-Доколку навистина веруваат дека нивното толкување на членот 8а од Изборниот законик е такво какво што е и дека разрешувањето на Марко Зврлевски би било незаконито тоа е причина повеќе да се повлечат бесмилсмените дебати, реторики, реплики и контрареплики на самите себе и ако е навистина незаконито тоа разрешување да може Марко Зврлевски и утре да си поведе постапка за таква незаконитост, рече Шилегов.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + one =

%d bloggers like this: