mediumi

Јавниот сервис, Алфа ТВ и ТВ Нова должници на државата

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници а во неа неколку телевизии се најдоа на листата на срамот за неплатени даноци. Меѓу нив најмногу должи Македонската радио телевизија која има неплатени обврски од 1,7 милиони евра.

Алфа ТВ, пак должи 98.000 евра за ДДВ. Телевизија Нова, во сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен од СЈО, на државата и должи 19.000 евра за неплатен данок на додадена вредност и неплатен данок на добивка.

Втор најголем должник од вкупно 4.539 фирми и граѓани кои се најдоа на листата, е Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта „Македонија пат“ кое има неплатени обврски од 7.4 милиони евра.

Меѓу државните установи кои не ги подмириле обврските кон државата се и Македонската опреа и балет, со која до неодамна управуваше оперскиот пејач Игор Дурловски. МОБ има долг од 32.000 евра.

Од Општините, како и на претходната листа, најголем должник е Општина Карпош. Охрид со кој раководи Никола Бакрачески должи 30.000 евра, а Општина Дојран 7.000 евра.

Меѓу должниците кон УЈП се и комуналното јавно претпријатие во Тетово, гостиварското јавно претпријатие Комуналец, како и Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × five =

%d bloggers like this: