migranti-more

Шверцери намерно фрлале мигранти во море – најмалку 56 удавени

Најмалку 56 од мигрантите се удавиле, додека многумина се водат како исчезнати, откако за време на патролата на плажата од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во провинцијата Шабва пет тела се пронајдени, а уште 50 лица се водат за исчезнати.

Меѓународната организација за миграции соопшти дека мигрантите биле главно од Сомалија и Етиопија и дека намерно биле фрлени во море.

Во средата ИОМ соопшти дека 51 лице биле „намерно удавени“ во сличен инцидент.

Преживеаните им раскажале на ИОМ дека криумчарот принудил околу 120 луѓе да се симнат од бродот во морето откако помислил дека видел полиција на брегот на Јемен. Просечната возраст на патниците била околу 16 години, соопштија од ИОМ.

Од јануари годинава околу 55 илјади мигранти ги напуштија земјите на рогот на Африка.

Минатата година на брегот на Јемен пристигнале над 110 илјади мигранти.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ one = 5

%d bloggers like this: