1000_1502459029ratno_novinarstvo_(8)

ОБУКА ЗА ВОЕНО НОВИНАРСТВО: Репортерите учат како да реагираат во случаии на војна

Во тек е десетиот сертифициран програм на воено новинарство кое го организира Анадолу Агенцијата (АА) и Турската полициска академија.

Учесниците на програмата, лија цел е обучување да известуваат во случај на војна, елементарни непогоди и вонредни ситуациии учат од турските полициски и воени стручњаци.

Струлниот кадсар настојувал да ги подучи репортерите како да реагираат во случај на киднапирање и како да воспостават контакт со контролните точки. Учесниците во обуката научиле и како да ги користат непробојните елеци како и друга опрема

Во текот на обуката на терен репортерите имале можност да ги слушнат звуците на бомбите и оружјето. Потоа под тешки услови морале да чекорат десет километри и ноќи да поминуваат на позиции кои самите ги подготвиле. Во рамките со сценариото, учесниците на обхуката морале да заминат од главното (цел) подрачје и да направат снимки.

Исто така, екипи на Канцелариите за вонредни ситуации при турската влада (АФАД) настојувале да ги обучат репортерите како да реагираат и како да се заштитат во случај на елементарни непогоди. Во текот на обуката користени се и кучиња за пасување.

Репортерите со играњето на паинтболл учеле за координацијата и тимската работа, како и усовршувале рефлексите.

После успешно завршената двомесечна обука, на учесниците на курсот ќе им бидат врачени сертификати.

1000_1502459026ratno_novinarstvo_(1) 1000_1502459029ratno_novinarstvo_(7) 1000_1502459029ratno_novinarstvo_(8) 1000_1502459030ratno_novinarstvo_(12) 1000_1502459031ratno_novinarstvo_(14) 1000_1502459033ratno_novinarstvo_(16) 1000_1502459033ratno_novinarstvo_(17) 1000_1502459035ratno_novinarstvo_(20) 1000_1502459036ratno_novinarstvo_(21)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× six = 6

%d bloggers like this: