јајца

ЕУ свикува итен состанок посветен на кризата со затруени јајца

ЕУ ќе свика итен состанок на министрите посветен на кризата со јајцата затруени со инсектицид, изјавил дека евроопскиот комесар за здравство Vytenis Andriukaitis, апелирајќи на прекинување на “обвинувањата и барањето на виновници “ за скандалот.

Andriukaitis за АФП изјавил дека посакува Холандија,Белигија и Германија да престанат со разменувањето на обвинувања околу одговорноста за скандалот софипронилот, хемикалија која може да биде штетна за здравјето на човекот.

-Обвинувањата не водат никаде и сакам да се прекине со тоа – изјавил литванскиот комесар, кој исто така се занимава и со прашањата за безбедноста на храната, во одговор на прашања испратени по имејл.

-Прво она што е најважно. Нашата заедничка задача и нашиот приоритет сега е да се знимаваме со ситуацијата, да собереме информации, насочиме на анализите и лекциите кои ќе бидат научени на подобрување на нашиот систем и спречување на криминалните активности изјавил Andriukaitis.

- Тоа е точно дека расправав со германскиот, белгискиот и холандскиот министер во ова недела. Предложив состанок на високо ниво  кој би ги собрал релевантните министри и представници на агенцијата за безбедност и храна на сите држави членки  вовлечени во кризата штом фактите ни бидат на располагање- истакнал тој.

-Затруени јајца пронајдени се во најмалку во 11 земји откако скандалот се појави во јавноста на 1.август кога милион јајца и производи од јајца повлечени се од полиците на супермаркетите.

Данска е последна земја која објавила дека е погодена со кризата, соопштувајќи дека кај нив биле продадени 20 тони затруена храна од белгиски добавувачи.

Меѓутоа, се појавил и спор околу тоа кој е виновен и тоа помеѓу Белгија,Холандија, и Германија земји кај кои за прв пат било регистрирано појава на затруени јајца.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × five =

%d bloggers like this: