gaza

Хуманитарна криза во Газа: Нема лекови ниту електрична енергија во болниците

ГАЗА (АА) – Палестинскиот Комитет за борба против окупацијата, хуманитарната ситуација во Газа ја оцени како катастрофална, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Комитетот, Џемал ал-Худари, рече дека ситуацијата во сите сектори во Газа е толку влошена што е тешко да се поправи.

„Особено во медицинскиот сектор имаме недостаток на лекови. Пациентите немаат можност да патуваат поради медицински третман“, објасни Худари.

Тој истакна дека болниците, фабриките и куќите во Газа немаат електрична енергија и дека ниту една институција не може да ја работи својата работа.

Ваквата состојба големите и важни сектори во Газа ги доведe во длабока криза, додаде Худари.

Израел од 2006 година, кога Хамас победи на изборите, ја држи Газа под блокада.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 7

%d bloggers like this: