египетнесрека

Египет: Во железничката несреќа загинаа 49 лица

КАИРО (АА) – Бројот на загинатите во железничката несреќа во египетскиот град, Александрија, се искачи на 49, а на повредени на 133 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Во веста на египетската државна телевизија се наведува дека како последица на судирот на возови, од кои еден од нив сообраќаше на релацијата Каиро-Александрија, а вториот Александрија-Порт Саид, смртно настрадаа 49 лица.

Заменикот-министер за здравство, Меџди Хиџази, за египетската официјална новинска агенција, МЕНА, истакна дека 133 лица се повредени во железничката несреќа што се случи на релацијата Александрија-Каиро.

Хиџази пренесе дека 13 лица од повредените се во тешка здравствена состојба.

Сѐ уште не е дадена изјава во врска со причините за несреќата, додека локалните медиуми и очевидците велат дека до несреќата дошло поради дефект на предниот воз.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 + = six

%d bloggers like this: