Violent Clashes Erupt at "Unite The Right" Rally In Charlottesville

Вонредна состојба во Вирџинија поради маршот на белите националисти

Властите на Шарлотсвил и американската сојузна држава Вирџинија прогласија вонредна состојба поради маршот на десничарите.

Две лица се повредени во судирот на продесничарката група и одржувачите на контра митинг кои исто така се собраа во градот.

Во групата контрапротестанти влетал и автомобил при што се јавува за извесен број повредени.

Гувернерот на Вирџинија Тери Меколифи прогласи вонредна состојба пред одржувањето на големиот собир на белите националисти во Шарлотсвил, на кој се очекува присуство на околу 6.000 луѓе.

Градскиот менаџер на Шарлотсвил на својот Твитер напиша дека вонредната состојба е прогласена за да и се овозможи на државата да одговори на насилството на собирот во градот.

Како што објави Би би си учесниците на маршот „Да ја обединиме десницата“ се противат на плановите на власта да ја отстранат статуата на генералот на „јужњаците“ во американската граѓанска војна Роберт Ли.

Во меѓувреме дојде до судири меѓу продесничарските групи и учесниците на контрамитингот, при што две лица се повредени.

Полицијата користела солзавец и пепер спреј на демонстрантите. Исто така неколкумина се уапсени бидејќи соборот е прогласен за незаконски.

На вчерашниот собир учесниците со факели извикувале „животите на белците вредат“ додека марширале кон Универзитетот Вирџинија. Градоначалникот го осуди маршот нарекувајќи го парада на омразата.

Претседателот Доналд Трамп го осуди насилството и преку твитер порача: „Сите мора да бидеме обединети и да ја осудиме таа омраза. Нема место за вакво насилство во Амемира. Ајде да се обединиме“.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = sixteen

%d bloggers like this: