KABA

Саудиска Арабија: Починаа најмалку 31 аџија на аџилак

РИЈАД (АА) – Најмалку 31 аџија починаа синоќа, на аџилак во Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Саудиската новинска агенција (SPA) јавува дека сите починати аџии се странски државјани и досега не се објавени причините за нивната смрт.

Аџилакот е една од основните верски обврски на муслиманите и оваа година во Мека и Медина се очекува да пристигнат повеќе од два милиона аџии. „SPA“ јавува дека досега во Саудиска Арабија пристигнале најмалку 620.000 аџии.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 6 =

%d bloggers like this: