jemen kolera

СЗО: Во Јемен повеќе од половина милион лица се заразени со колера

ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од половина милион лица во Јемен се заразени со колера, а во епидемијата на болеста починале околу 2.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

„Епидемијата на колера што во април се појави во Јемен, во одредени подрачја продолжува побавно да се шири, а брзо се шири во тукушто погодените подрачја“, се наведува во соопштението.

Се додава дека епидемијата во Јемен која продолжува да се шири е најголема во светот.

„Во Јемен секој ден се забележани 5.000 нови случаи на заразени“, се истакнува во соопштението.

Во Јемен, околу три милиони лица раселени поради судирите коишто траат повеќе од две години, како последица од недостатокот на пивка вода и неодлагањето на отпадот, секојдневно се соочуваат со ризикот од заразување со колера.

Меѓународниот комитет на црвениот крст (МКЦК) претходно соопшти дека во Јемен, до крајот на годината, од колера би можеле да бидат заразени 600.000 лица.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × 6 =

%d bloggers like this: