turkish kargo

„Turkish Airlines“ достави помош од 60 тони храна за Сомалија

МОГАДИШУ (АА) – Карго авионот на „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) натоварен со над 60 тони помош во храна пристигна вчера во главниот сомалиски град Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).

Дополнителната помош во храна е наменета за сомалиските деца кои живеат во сушните делови, каде што, според ОН, половина од популацијата се соочува со хуманитарна криза.

„Постигнавме да доставиме уште 60 тони помош во храна за Сомалија! #TurkishAirlinesHelpSomalia #LoveArmyForSomalia“, објави „Turkish Airlines“ на Твитер, осврнувајќи се на кампањата лансирана од страна на познатите личности од медиумите и холивудскиот актер Бен Стилер, кој ја повика авиокомпанијата да ги достави донациите до земјата.

Абдикарин Асаир, директор на американскиот комитет за бегалци во Сомалија, за новинарите изјави дека ќе обезбеди помош на 12 локации во Сомалија во текот на следните неколку дена.

„Улогата на авиокомпанијата беше да достави храна за Сомалија, но помошта доаѓа од хуманитарната група наречена ‘LoveArmyForSomalia’. Ние ѝ се заблагодаруваме на турската Влада и на нејзиниот народ за напорите за спасување во Сомалија“, изјави Асаир.

Во април оваа година, карго авионот на „Turkish Airlines“ со над 60 тони помош во храна и медицински материјал пристигна во Могадишу, како дел од кампањата. Од 2011 година, „Turkish Airlines“ беше единствениот меѓународен авиопревозник кој ѝ служи на Сомалија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − = one

%d bloggers like this: