BREAKING NEWS
Search
анимацијаавион

Саудиската државна телевизија објавила анимација на уривање на Катарски патнички авион

Саудиската државна телевизија Ал Арабија објавила видео снимка (анимација) на која се гледа како саудиски воен авион урива патнички авион на Катар – во прилогот се истакнува дека ова е приказ на “опција“ доколку катарски авион случајно навлезе во саудиски воздушен простор.

Исто така се наведува дека Саудиска Арабија “според меѓународниот закон“ има секакво право да урива авион кој без одобрение ќе навлезе во нивниот воздушен простор.

Анимацијата прикажува неколку сценарија – во првото саудиски ловец го принудува катарскиот патнички авион на слетување после влегувањето во саудиски воздушен простор. Меѓутоа другото сценарио очигледно за случај доколку патничкиот авион не содговори на наредбите уследува негово уривање.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 5 = ten

%d bloggers like this: