иран фабрика

Повод за напад? Израелска телевизија објавила репортажа со која тврдат дека Иран гради фабрика за ракети во Сирија

Израелската телевизија вчера објавила репортажа во која “потврдува“ дека Иран гради фабрика за производство на ракети со долг дострел на северозападот на Сирија. Понатаму во репортажата се објавуваат си сателитски снимки за кои тврдат како ја прикажуваат фабриката која е во фаза на изградба,

Репортажата доаѓа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела порачал дека Иран ја зајакнува својата позиција во Сирија откако се намалило присуството на ИСИЛ. Исто така тој изјавил дека Израел внимателно ја следи ситуацијата и дека е подготвен да “ дејствува против секаква закана“.

“Нашата политика е јасна: Жестоко се спротивставуваме на воено зајакнување на Иран и неговите посредници, особено Хезболах, на просторот на Сирија и ќе направиме сё да ја заштитиме израелската безбедност“, изјавил Нетанјаху.

Во репортажата на израелскиот Кнал 2 се наведува дека наводна фабрика се гради во близина на крајбрежни град Банијас. Овие снимки ги споредиле со сателитски снимки на иранската фабрика за ракети во близина на Техеран истакнувајќи дека постои голема сличност.

На картата градот Банијас

banijas




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− four = 4

%d bloggers like this: