BREAKING NEWS
Search
ЗАЈЕД

ГОДИНА НА ЗАЈЕД ВО ЗНАК НА СЕЌАВАЊЕ НА САКАНИОТ ВЛАДЕТЕЛ

Во знак на обележувањето на стогодипнината од раѓањето на починатиот оснивач на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ),шеикот Зејед бин Султана Ал Нахјан, во Емиратите 2018 година ќе биде обележана како “ Година на Зајед“.

Претседателот на ОАЕ шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан потсетил дека оснивачот на Емиратите на 6.август 1966 година отворил ново поглавје во историјата на ОАЕ, кога дошол на чело на Абу Даби, денешна престолнина на една од најбогатите држави на светот.

После ова 2017 година која е прогласена како “ Година на добри дела“ во “ Годината на Зајед“ ќе биде истакната улогата на починатиот лидер во опстојувањето на федерацијата ОАЕ и нивните локални, регионални и меѓународни достигнувања.

Визионерот од пустината

Шеикот Зајед бин Султана Ал Нахјан ги поставил темелите на современиот развој во сите сектори на ОАЕ. Дал значаен допринос на иницијативите кои се препознати не самово Емиратите и регионот на Заливот туку и во целиот арапски свет, како и во меѓународните рамки, на што Емирчаните посебно се горди. Исто така со својата мудра политика шеикот Зајед создаде цврсти темели на силна и единствена нација која во ист замав го следи модерниот свет со сите предизвици притоа чувајќи ја историската оставнина на ОАЕ. Овој ефективен модел бил извор за инспирација за сите земји кои тежнеат кон напредок во молневичка брзина.

-Годината на Зајед представува национална можност кога со гордост ќе ги спделиме спомените на животот на нашиот оснивач и неговите напори да создадеме и зачуваме националните вредности, принципи и традиција кои станаа дел од нашиот идентитет – истакнал претседателот на ОАЕ.

Тој ги повика сите жители на Емиратите да ги подржат племенитите вредности кои се оставнина од шеикот Зајед бин Султана Ал Нахјан, вклучувајќи ја мудроста, почитувањето, решителноста,  чувство за припадност на нацијата, единството и солидарноста за изградба и зачувување на прогресивното , стабилното, сигурното  и пред се безбедното општество.

Шеик Мухамед: “За народот секогаш најмногу мора да се грижиме“

Неговото висичество, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи, најавил покренување на сеопфатен програм со кој ќе бидат активирани иницијативи во сите сојузни и ликални институции.

- Идната година го прославување раѓањето на еден од најголемите и најплеменити луѓе кои својот живот го посветиле на сегашноста и иднината на нацијава – истакнал шеикот Мухамед, чиј татко заедно со шеикот Зајед работел на формирање на федерацијата.

Покренавме владина програма која почива на национална стратегија за подобрување на репутацијата и моќта, и иницијатива за формирање на одржливи извори на приход. Цлите се инвестирање во образованието кое е фокусирано на напредни технологии, зајакнување на системот на етичките вредности за идните генерации,  зголемување на продуктивноста на националната економија и зајакнување на заедницата.

И денес, и во времето кое доаѓа, во Емиратите како што истакнал владетелот на Дубаи, секогаш ќе биде исто – човекот беше и остана најважен елемент на напредокот:

- Најдрагоцено богатство на ОАЕ е народот. За народот секогаш мораме најмногу да се грижиме. Богатство без среќни луѓе и задоволни луѓе не значи ништо.

Хуманист и филантроп

Шеикот  Зајед бин Султан Ал Нахјан во вистинска смисла на зборот беше сакан владетел. И тоа не без причина. Кон крајот на шеесетите години на минатиот век  ангажирал јапонски архитект за изградба  на Абу Даби кој ја понесе титулата на престолнина на ОАЕ. И покрај големото богатство, често знаел да замине меѓу “ обичниот свет“ за да се увери дали неговиот народ живее добро.

- Беше скромен и лично проверувал што му е потребно на неговиот народ – открил шеикот Мухамед кој на личен пример покажува дека верно го следи патот на “ таткото на нацијата“. Заминуваше во куќни посети, создавајќи единствена и нераскинлива врска со граѓаните на Емиратите и така стана инспирација за многумина како во регионот на Заливот, така и во светот. Донесуваше исправни и праведни одлуки, и создаваше темели на успешна и ефикасна администрација како што ја имаме денес и која од ден во ден ќе ја усовршуваме. Шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, ни даде воља и решителност подготвено да ги прифатиме предизвиците и постигнеме она што изгледало невозмножно. Заради тоа сигурни сме дека сме способни да постанеме една од најдобрите земји на светот.

Шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан во 1992 година оснивал хуманитарна фондација од која се издвојуваат средства за помош на поединци, како во Емиратите, така и во целиот свет, со подршка на Црвената полумесечина на Емиратите. За време на своето владеење, градел болници, школи,и универзитети. Беше отворен спрема другите нации, и ги подржуваше правата на жените во традиционалните рамки и дозволи изградба на немуслимански верски објекти, знаејќи дека на тој начин ќе им помогне на странците кои доаѓаат во Емиратите за да го доживеат новото поднебје како свој дом.

Членовите на владејалкото семејство продолжија по патот на оснивачот на ОАЕ, владетелите на емиратите секоја година донираат големи средства во хуманитарни намени, за образование, за искоренување на детската парализа, вакцинација за децата во сиромашните краеви на светот.. Паричните износи кои во последните дваесетина години заминаа од ОАЕ во светот во вид на добротворни донации поголеми се од сумата која за иста намена ги издвоиле најбогатите луѓе на планетата.

“Таткото на нацијата“ почина ( пресели на ахирет) на 2.ноември 2004 година. Погребан е во дворот на џамијата Шеик Зајед во Абу Даби која важи за една од најубавите џамии на светот.

Dubai Portal/Biro/Foto Gulfnews

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − one =

%d bloggers like this: